Проектот „Вело училишта – Безбедно и активно до училиште“ има за цел да ја зајакне културата на безбедност во сообраќајот и да ја поттикне активната мобилност кај учениците и наставниците во основните училишта на општина Карпош. Иако општината важи за една од најурбаните во Скопје, зоните околу училиштата се сè уште небезбедни за пешачење и велосипедизам, што директно ја загрозува безбедноста на децата. Проектот се фокусира на едукација и ангажирање на наставниците и учениците преку теоретски и практични активности, со акцент на воведување на одржливи, здрави и безбедни начини на движење. Преку иновативни пристапи, како едукативни игри и работилници, проектот има за цел да ги подигне капацитетите на училиштата и да ја зајакне свеста за важноста на активното учество во сообраќајот.
Клучни активности
А1: Обуки за наставници
- Организација на целосна обука за 20 наставници од 10 основни училишта.
- 8 часа теоретски дел (презентации + онлајн платформа) и 4 часа практичен дел.
- Фокус на наставниците по физичко образование од предметна и одделенска настава.
- Обуките ќе се реализираат во просториите на Вело Училишта и училишните дворови.
А2: Едукативни пакетчиња за училиштата
- Секое училиште ќе добие 6 копии од едукативната игра „Вело патека“, наменета за ученици од 10–14 години.
- Играта содржи: едукативни картички, мисии, прирачник и платформи за игра.
- Целта е преку игра да се развијат знаења за безбедност во сообраќајот и одржлива мобилност.
А3: Практични активности со ученици
- Организација на игри и практични вежби поврзани со движење во сообраќај, баланс, возење велосипед и справување со нерамни терени.
- Активностите ќе се одвиваат во училишните дворови и блиски зелени површини.
- Целта е преку забава и физичка активност да се поттикнат здрави навики кај децата.
А4: Поддршка за вклучување на темите во наставата
- Интеграција на темите за безбедност и активна мобилност во наставни и воннаставни активности.
- Поддршка за наставниците да ги применуваат стекнатите знаења и по завршување на проектот.