Вело новости

Овој месец носи охрабрувачки примери дека одржливата иднина е возможна – кога постојат визија, соработка и активни граѓани.

На глобално ниво, COP30 започна со силна порака: претставен е првиот остров во Латинска Америка што ќе работи 100% на обновлива енергија – Фернандо де Нороња. Инвестицијата во соларна енергија и батериски системи е чекор кон целосно напуштање на фосилните горива. Дополнително, научниците потврдија дека озонската дупка во 2025 година е една од најмалите досега, што е директен резултат на глобалната соработка и Монтреалскиот протокол.

Во Европа, нова студија покажува дека споделувањето велосипеди носи 305 милиони евра годишни придобивки, намалува CO₂ емисии, ги подобрува здравјето и економијата и создава илјадници работни места – силен аргумент зошто активната мобилност треба да биде приоритет.

📍 Во Македонија, Еко Логик е избран за контакт точка на Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF) за Скопје – значајно признание и можност младите активно да учествуваат во креирање климатски политики и иницијативи.

🚲 Во образованието, ноември беше месец на активност: преку програмата Вело Училишта, учениците учеа за безбедност, мобилност и одговорно учество во сообраќајот – уште еден доказ дека навиките за одржливост се градат од најмали.

А дома, секој од нас може да придонесе: со намалување, повторна употреба и рециклирање, со мали семејни активности и со учење на децата дека грижата за животната средина започнува од секојдневните избори.

Автор Velo Schools

ЈАВЕН ПОВИК

За младински акции поврзани со мобилноста Имаш идеја како да ја направиш мобилноста подобра, побезбедна и подостапна за младите во твојата заедница? Сакаш да преземеш иницијатива и да направиш конкретна промена која вклучува движење? Пешачење, возење велосипед, безбедност на патеки, повеќе места за движење на твоите врсници? Ова е можноста да ја претвориш твојата идеја […]

Прочитај повеќе

Од Скопје до Грац: Градот низ очите на велосипедистите

Понекогаш, за да запознаеш еден град, доволно е да седнеш на велосипед и едноставно да тргнеш. Во рамки на проектот “SKOPJE–GRAZ: OUR CITY, OUR RIDE”, заедно со учениците од СУГС „Георги Димитров“ од Скопје, отпатувавме во Грац, Австрија, за да го истражиме градот од поинаква перспектива – онаа на велосипедистите. Возевме низ улиците, ги следевме […]

Прочитај повеќе