Еволуција на велосипедот

Вовед:     

  • Како настанал велосипедот? Во која година е измислен првиот велосипед? Како се променувал во текот на годините? Одговорите на овие прашања и слични на нив можете да ги најдете во краткото видео на следниот линк: 

Цели:

  • Запознавање со основните информации околу настанокот и развојот на велосипедот

Методи и стратегии:

  • визуелен метод на учење 
  • интеракција 

Форми на работа:

  • групна работа (целото одделение го следи видеото заеднички)

Вид на активноста:

Како се спроведува вежбата:

  • Оваа активност претставува една од основната и првичната информација за велосипедот. Како и кога настанал и каков бил неговиот развој и промена до ден денешен. 
  • Уште на самото запознавање на учениците со темата велосипедизам можете да го гледате заеднички краткото видео на линкот погоре и да поттикнете интересен разговор со нив. 
  • Видеото можете да го пуштите на you tube каналот преку едноставно копирање на линкот од вашиот преносен компјутер.

Потребни матријали:

  • Преносен компјутер 

Очекувани резултати:

  • Запознавање со основните информации  за темата велосипедизам,  и еволуцијата на велосипедот.

Времетраење на вежбата:  20 минути

*Дополнителни информации за наставникот: 

  • Споделуваме со вас и дополнителни видеа кои можете да ги гледате со вашите ученици : 

Поттикнете ги вашите ученици на разговор преку следниот пример на кратки прашања: 

Дали видеото ви остави впечаток?

Што запомнивте?

Кој вид на велосипед го запомнивте или ви остави најголем впечаток?

Можете ли да го опишете тој велосипед? Итн…

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?
Автор Velo Schools

Ден 1 од состанокот на проектните партнери за „School Streets“ во Скопје

Вчера во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје се одржа првиот ден од состанокот на проектните партнери во рамки на Еразмус+ проектот „School Streets – Enjoy your journey to school“. На средбата учествуваа партнери од проектот, како и претставници од општините и основните училишта кои активно работат на унапредување на безбедноста околу училиштата. Денот започна […]

Прочитај повеќе

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе