ООУ „Рајко Жинзифов“ – Горно Оризари: Активно и инспиративно учество во Европската недела на мобилност 2025!

Во текот на Европската недела на мобилност 2025, учениците и наставниците од ООУ „Рајко Жинзифов“ – с. Горно Оризари, Велес активно се вклучија во различни едукативни и практични активности кои го промовираа безбедното, здраво и одржливо движење. Под водство на наставничките Есма Калач, Весна Јанковска и Анѓела Миладинова, низ училишниот двор и улиците на населеното место се ширеа позитивна енергија, насмевки и велосипедски ѕвона.

Активности кои инспирираа:

Во рамките на неделата беа реализирани шест активности, секоја со своја едукативна и практична вредност.

🔹 „Кој сака да биде велосипедист?“
Преку оваа интерактивна работилница, учениците учеа за основните делови на велосипедот, заштитната опрема и правилата за безбедно возење. Играта во форма на квиз ги поттикна да размислуваат, соработуваат и ја покажат својата подготвеност за одговорно учество во сообраќајот.

🔹 „Ајде да возиме велосипед“
Активност која ги комбинираше теоријата и практиката. Учениците се запознаа со сообраќајните правила и потоа возеа велосипеди низ обележана патека, применувајќи го наученото. Најважната порака од часот беше дека велосипедот не е само превозно средство — туку и начин на живот кој носи здравје, слобода и радост.
🎥 Погледнете го видеото од активноста тука.

🔹 „Важни информации за безбедно возење велосипед“
Преку презентации и дискусија, учениците научија како да препознаваат безбедни ситуации, како да реагираат во сообраќајот и кои се правилните начини на користење на велосипедот. Наставниците користеа визуелни материјали и квизови за да ја направат темата уште поинтересна.

🔹 „Бавна трка“
Оваа трка беше вистински предизвик за концентрација и рамнотежа! Победникот не беше најбрзиот, туку оној кој најдобро ја контролираше брзината и движењето на велосипедот. Со оваа активност, учениците развиваа координација, трпение и тимски дух.
🎥 Погледнете го видеото од активноста.

🔹 „Направи план за твоето возење“
Учениците креираа сопствен план за движење од училиште до дома, размислувајќи за безбедноста, практичноста и одржливоста на своите рути. Со тоа, се поттикна нивната свесност за безбедно и одговорно учество во сообраќајот и важноста од одржливи навики во секојдневието.

🔹 Настан: „Со велосипед до училиште“
Неделата заврши со симболичен настан каде учениците пристигнаа со велосипед до училиште. Преку заедничкото возење, тие ја покажаа својата посветеност кон здравиот начин на живот и заштитата на животната средина.


🌿 По внимателна евалуација според критериумите за активност, вклученост и креативност, со задоволство објавуваме дека ООУ „Рајко Жинзифов“ – с. Горно Оризари, Велес го освои третото место во септемврискиот повик за најактивно училиште! 👏

Честитки до наставниците и учениците за нивниот труд, ентузијазам и посветеност кон развојот на одржливи навики на мобилност!

Автор Velo Schools

Ден 1 од состанокот на проектните партнери за „School Streets“ во Скопје

Вчера во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје се одржа првиот ден од состанокот на проектните партнери во рамки на Еразмус+ проектот „School Streets – Enjoy your journey to school“. На средбата учествуваа партнери од проектот, како и претставници од општините и основните училишта кои активно работат на унапредување на безбедноста околу училиштата. Денот започна […]

Прочитај повеќе

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе