Велосипедско нагодување и функција

Вовед:

  • Скоро секое дете е запознаено со концептот и формата на велосипедите, но како тие функционираат е мистерија, дури и за возрасните. Со основни информации за велосипедските делови и системи, соодветното нагодување и функција на велосипедот, учениците ќе се вклучат и велосипедите ќе станат поинтересни и подостапни. Основните информации за функционирањето на велосипедот дозволува основна проверка, со цел да биде велосипедот безбеден и да работи добро, и помага да се идентификува одреден проблем, наместо да се каже дека велосипедот е расипан или пак несоодветен за тој што сака да го вози во моментот.

Цели:

  • Учење за соодветно нагодување и функција на својот велосипед. 

Методи и стратегии:

  • Визуелен метод на учење 
  • Практично учење
  • Перцепција и меморија

Форми на работа:

  • Индивидуален

Вид на активноста:

  • Соодветно нагодување на велосипедот и негова функција се едни од основните информации што секое дете/ученик треба да ги осознае, пред да започне со секојденвно користење на својот велосипед. 
  • Оваа активност ги нуди токму тие информации и потребно е секој ученик јасно да ги следи инструкциите

Како се спроведува вежбата:

  • Велосипедите се едноставни машини, но потребно е време и труд за да се разберат. Велосипедски механичар или ентузијаст е најсовршената особа за да ги прегледа деловите и системите со улениците, но исто така постојат и многу курсеви, книги, и вебсајтови кои помагаат да се разберат основните работи
  • Важно е да се има соодветна големина на велосипедот, за комфорт, забава, и безбедност. Велосипед кој е премал ќе биде натрупан и тежок за возење. Велосипед кој е преголем е можеби небезбеден, посебно ако велосипедистот не може да застане над седиштето и цефката. Иако е логична и честа појава, не е безбедно ниту добро да се купи велосипед кој е премал за детето, подобро е да се купи соодветна големина. 
  • Како да познаете соодветна големина на велосипедот:
  • Треба да е комфортен за возење – ова е број еден!
  • Кога се стои над горната цефка, велосипедистот треба да може да го подигне предното тркало барем 2 инчи над земјата. 
  • Седењето на седиштето, со една нога на едната педала, ротирана до точка најблизу до земјата, и ногата на велосипедистот е само малку свиткана.
  • Совет 1: Делот за седиштето може да е подкренат или снижен за соодветна висина на седиштето. Повеќето седишта имаат едноставен стегач за лесно нагодување. Велосипед со делови и стегачи треба да се нагодува со клучеви.
  • Совет 2: Нови велосипедисти можеби ќе сакаат да ја нагодат висината на нивното седиште за да можат да стапнат со стопалото или палецот долу, додека седат на седиштето.
  • Седиштата и воланите се важни за комфорт и контрола врз велосипедот. Велосипедската продавница може да помогне со нагодувања и замени со цел да се достигне комфорт и добро нагодување. 

Потребни материјали:

  • Минимум еден велосипед на лице место за да може секој ученик индивидуалн ода го искуси велосипедското нагодување и функција

Очекувани резултати:

  • После завршувањето на оваа активност, учениците ќе имаат основно предзнаење како најсоодветно да го нагодат својот велосипед за тој пред се да биде безбеден и комфорен, и секако маскимално да уживаат во бенефитите што ги нуди возењето на велосипед

Времетраење на вежбата: 45 минути

*Дополнителни информации: 

  • Велосипедското нагодување е најдобро решено и демонстрирано само во пракса. Но, веднаш штом децата го добиваат својот велосипед, сакаат да го возат. Инструкторот треба да демонстрира соодветни велосипедски нагодувања, или да добие помош од трпелив волонтер, пред да им помогне на учениците сами да го нагодат велосипедот. Или пак, инструкторот може да дискутира за нагодувањето со родителите, бидејќи тие ќе го дадат своето внимание најмногу.
  • Некој од персоналот на велосипедската продавница е исто така искусен да демонстрира соодветно нагодување. Тој исто така може да донесе заменски седишта, рачки, итн., за да прикаже можни опции – ова ги инспирира децата и младите да го разберат нагодувањето.

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Автор Velo Schools

Тестирање на тренинг програма Еquip and Empower

На 27 Март во Парк Македонија, Скопје организравме двочасовен тренинг за младински работници и наставници на тема велосипедизам. Тренингот е дел од тренинг програмата Equip and Empower креирана за проектот Youth &Commute: A structured approach for improving the mobility of marginalized youth. Тренинг беше наменет за наставници и младински работници за да се едуцираат на […]

Прочитај повеќе

АРАРАТ, ТУРЦИЈА

Храбри и решителни велосипедисти од Македонија од кој еден е претставник од Вело Училишта, минатата недела успеаа да се искачат на врвот на Арарат во Турција со велосипеди на грб !! Дефинитивно сериозен потег дури и за неозбилни велосипедисти како што се нарекуваат тие, успешно се искачија на висина од 5.137 m со велосипеди и […]

Прочитај повеќе