Вело комуникација

Child riding bike making peace hand sign, vector illustration, isolated white background.

Вовед:

  • Оваа активност ја споделуваме во вид на кратки текстови кои се важни за секојдневното користење на велоиспед. Вело комуникацијата е потребно да се практикува постојано, доколку сакаме користењето на велосипед како превозно средство биде безбедно за нас и за останатите учесници во особраќајот.

Цели:

  • Учење на основните информации за вело комуникацијата

Методи и стратегии:

  • Метод на учење и разговор

Форми на работа:

  • Групна форма на работа

Како се спроведува вежбата:

  • Прочитајте ги кратките текстови, кои се наоѓаат во крајниот дел од оваа подготовка пред целото одделение. Важно е да сите ученици внимателно слушнат основни информации, важни за вело комуникацијата при секојдневнотото користење на велосипедот.
  • Дополнително можете да развиете заедничка дискусија околу тоа,  дали ја користат вело комуникацијата при возење на велосипед. Како на другите учесници во сообраќајот или на другарчињата со кои возат заедно им сигнализираат за некое движење што планираат да го направат возејќи велосипед и сл. 

Потребни матријали:

  • Испечатен дел од вежбата за секој ученик

Очекувани резултати:

  • Учење за основните информации за вело комуникацијата.

Времетраење на вежбата: 30-40 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

БИДИ ПРЕДВИДЛИВ

Многу од тоа да се биде добар велопедист има врска со овие два едноставни зборови. Направи твоите намери да им бидат познати на другите луѓе околу тебе. Сите возачи ги почитуваат истите комплети на закони и правила. Ова овозможува толку многу коли да бидат на патот истовремено. Истото е вистинито и за велосипедистите. Ако возачите можат да направат интелигентно нагаѓање за тоа што вие имате намера да направите, тие ќе се обидат да ве одбегнат. Од вас зависи јасно да комуницирате за она што вие имате намера да направите и тоа да се спроведува на безбеден и одговорен начин. Слично,  треба да обрнувате внимание на сигналите што ги добивате од возачите. Така и вие ќе можете да се движите безбедно околу нив. Очна комуникација, зборовна комуникација, пријателско мавтање со рака и прописни сигнали со рака сето тоа ви олеснува вам и на возачите на коли да ја споделите патната безбедност.

РАЧНИ СИГНАЛИ

Види го проспектот подолу. Дури и ако учениците ги учеле рачните сигнали во минатото, ова не значи дека тие ги знаат или ги паметат истите. Нека еден ученик застане и ги покаже сигналите за свртување налево, надесно и за запирање. Обезбедете демонстраторот да го прави ова свртен од целото одделение такашто дејствата лево/десно да се прикажат коректно. Како одделение вежбајте ги рачните сигнали. Првите коли немале сигнали за свртување; возачите морале да ја испружуваат левата рака надвор од прозорецот. Токму затоа ние денеска ја користиме левата рака за сигнализирање. Исто така има и други добри причини. Ако вие возите десно, сообраќајот ви е на ваша лева страна. Ова прави вашата лева рака најлесно да се види. Десно свртување исто така може да се комуницира/покаже со испружување на десната рака директно и насочено. Идејата е да се има чиста комуникација со возачите околу вас. Користење рачни сигнали не е само добра комуникација, туку  исто така е закон. Велосипедистите треба да ги почитуваат истите сообраќајни закони како и возачите. Ова значи дека ние треба да ги сигнализираме/покажуваме нашите свртувања. Дизајнерите се имаат обидено да ги стават свртувачките знакови на велосипедите, но велосипедот е толку тесен што било тешко да се искаже кој правец е сигнализиран, такашто мораме да ги користиме нашите раце. Запамтете да држите една рака на вашиот веловолан во секое време; Така, вие сте подготвени ако треба брзо да маневрирате. Управувањето е уште една причина зошто некои луѓе претпочитуваат да ја користат нивната лева рака како за сигнали за десно така и за лево свртување. Најмногу од луѓето се деснаци. Секој не се чувствува удобно да ракува со својата десна рака. Сигнализирање со вашата лева рака може да ви помогне да останете во контрола над вашиот велосипед aко треба брзо да реагирате. Запирање со рачен сигнал главно се користи кога возите со други велосипедисти. Го користите овој рачен сигнал за да ги известите велосипедистите зад вас дека наскоро ќе запирате такашто тие да можат да се подготват исто да запрат. За да ги известите возачите дека имате намера да запрете, бидeте подготвени да стапнете барем со едно стапало врз теренот. Ова му покажува на возачот дека дека вашата намера е да застанете.

ОЧНА СИГНАЛИЗАЦИЈА

Ова е најлесниот начин за јасно комуницирање со возачите. Ако можете да направите очна комуникација со возачот, вие ќе знаете дека тие ве приметуваат. Пријателско мафтање со рака исто така може да изрази дека вие се гледате еден со друг и дека вие ќе ги пропуштите нив да одат први, или благодарност. Возачите не сакаат да ги удираат велосипедистите. Ако тие ве видат, тие ќе сторат сè за да ве одбегнат. 

ЅВОНЧИЊА

Возачите на коли не се единствените други луѓе со коишто ние треба да комуницираме кога сме надвор возејќи го нашиот велосипед. Ние го споделуваме патот со пешаци и други веловозачи исто така. Кога сте на велопатека, ѕвончето е еден лесен начин за да ги известиме другите дека се приближувате зад нив и сакате да ги поминете. Звукот од ѕвончето може да биде погласно и поразговетно отколку користење на вашиот глас. 

ГЛАС

Беззборовната комуникација е одлична и значајна кога го возите вашиот велосипед, но ќе има времиња кога ви треба гласот. Ако немате ѕвонче на вашиот велосипед, можете да извикате “поминувам/ престигнувам” или “налево” со тоа известувајќи ги другите и пешаците дека вие се приближувате одзади и сакате да ги престигнете. Ако треба да ги држите обете раце врз воланот, можете да го употребите вашиот глас за да сигнализирате свртување. Би требало да ги држите обете раце врз веловоланот доколку кочите на стрм терен или ако возите на нерамен терен. Секогаш би требало да се обидувате да ги користите рачните сигнали но не ги отпуштајте вашите раце од веловоланот доколку со тоа воланот не е безбеден. Вие исто така би можеле да го употребите вашиот глас ако можете да му соопштите на возач или пешак којшто не може да ве види и којшто би можел да ве доведе во ризик. Секогаш треба да бидете учтив и со почитување, но тоа е ОК ако упатите зборовно алармен повик доколку тоа е потребно. 

Комуницирање при свртување

Свртување лево.png
Свртување десно.jpg
Стоп-застанување.jpg

Автор Velo Schools

Безбедност на децата во сообраќајот

Основни информации-важни за безбедноста на децата во сообраќајот Вовед: Учебната година е во тек и децата секојдневно се активни учесници во сообраќајот. Да внимаваме на нив. Обврска е на секој родител и возрасен придружник да ги превземе сите неопходни мерки за безбедноста на децата како учесници во сообраќајот. Цели: Учење на основните информации за безбедноста […]

Прочитај повеќе