Возење велосипед до дома

Вело, само смело и весело 🚴‍♀️☺️Викендот e во тек, а вие сигурно се прашувате како да го искористите слободното време.💡Имаме идеја и нов предизвик за вас! Возење велосипед по дома. Да, добро прочитавте. Оваа активност може да биде навистина забавна, корисна и во домашни услови. Се прашувате како?🧐🤔Погледнете го видеото, инструкциите подолу и очекуваме и ВИЕ да ни испратите слика и/или видео директно во коментар на самата објава 🙂👇_________________________________________________Потребни материјали:1️⃣ Детски велосипед 🚲2️⃣ Помошни тркалца3️⃣Алат за монтирање на помошните тркала4️⃣.а) Стари обувки (патики, чевли, чизми, итн.) 👟или4️⃣.б) Подлога со минимум димензии од 15х15 цм и со висина над 3-4 цм4️⃣.в) две траки широк селотејп или….бидете креативни и изненадете не! 🙂👣 Чекори:✅ Прв чекор: исчистете го велосипедот на вашето дете (сепак истото ќе ви стои дома во просторот каде што живеете)✅Втор чекор: монтирајте ги помошните тркалца. Внимавајте истите да се наместени под агол од 90 степени. Прицврстете ги силно, и проверете повторно.✅Tрет чекор: Наместете го велосипедот на подлогата која ја избравте, при што внимавајте истиот да е стабилен, а истовремено задното тркало да му е подигнато, односно да не допира на подот.Подготвени сте за возење!https://www.magisto.com/…/JzouUAVPREQwe3oHDmEwCXp2…

Автор Velo Schools