Издишана/дупната гума

Вовед:

  • Издишана или дупната гума на нашиот велосипед секогаш е непријатно чувство. Меѓутоа процесот на поправка на издишана односно дупната гума нее воопшто комплексен. Со оваа активност на забавен и креативен начин ќе ви покажеме како да ја залепите својата дупната гума на велосипедот,а притоа начинот е толку едноставен што ќе го запомните за навек ☺

Цели:

  • Учење на процесот за лепење на дупната гума. Како самостојно да си го поправиш својот велосипед.

Методи и стратегии:

  • Визуелен метод на учење 
  • Креативен метод на учење
  • Перцепција и меморија

Форми на работа:

  • Индивидуален

Вид на активноста:

  • Секој ученик  индивидуално ја пополнува приказната за Филип и неговата издишана/дупната гума на велосипедот.

Како се спроведува вежбата:

  • Секој ученик во одделението треба да добие примерок од приказната за Филип, која се наоѓа на крајот од ова дневна подготовка. На самиот почеток објаснете или пак доколку сте во можност и покажете им го на учениците целиот процес за тоа како да поправат издишана односно дупната гума. Следејќи ги едноставните чекори од самата приказна за Филип. Дури потоа, споделете им ја приказната за да можат да ги пополнат празните места.

Потребни матријали:

  • Испечатен дел од вежбата за секој ученик
  • Молив/пенкало за пишување/пополнување на одговорите од приказната.

Очекувани резултати:

  • Учење и меморирање на процесот за поправка на дупната гума на велосипед
  • На крајот од самата активност учениците треба да знаат и можат сами да си го поправат својот велосипед

Времетраење на вежбата: 45 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Филип има издишана гума. 

Пополнете ги празните делови со точниот збор:

Ова е Филип. Денес тој е _________ (среќен – тажен – уморен).

Неговиот велосипед има издишана __________ (гума – седиште – педала).

За да ја поправи издишаната гума, на Филип му требаат алати, кофа за вода и ____________________ (мастика – комплет за поправка – цвет).

Филип проверува во неговиот ______________ (ранец – комплет со алати – куфер). 

Вади клуч алат за да  _____________ (одстрани – врати назад – залепи) тркалото од неговиот велосипед. Тогаш вади _______________ (внатрешна гума – предно светло – корпа).

За да ја најде дупката, ја става внатрешната гума во _______________________ 

(рерна – кофа за вода – џеб). 

“Види, меурчиња!” вели Филип. И ја пронаоѓа дупката.                             

Филип става лепило и гумена лепенка врз дупката. Потоа тој ја___________ (пумпа – кочи – јаде) гумата. Сега неговиот велосипед е поправен.

“Си го поправив велосипедот сосема сам!” вели Филип. Тој е навистина  ________________ (лут – среќен – горд).  

Автор Velo Schools

Безбедност на децата во сообраќајот

Основни информации-важни за безбедноста на децата во сообраќајот Вовед: Учебната година е во тек и децата секојдневно се активни учесници во сообраќајот. Да внимаваме на нив. Обврска е на секој родител и возрасен придружник да ги превземе сите неопходни мерки за безбедноста на децата како учесници во сообраќајот. Цели: Учење на основните информации за безбедноста […]

Прочитај повеќе