Кочење

Вовед:

  • Со оваа активност учениците ќе научат подетални информации околу кочењето со велосипед. Ќе го унапредат своето знаење за инстинктивно кочење.

Цели:

  • Унапредување на вештинити за правилно и безбедно возење на велосипед. Учење и вежбање на инстинктивно кочење.

Методи и стратегии:

  • Учење преку пракса/практикување на самата активност

Форми на работа:

  • Индивидуален

Како се спроведува вежбата:

  • За да ја спроведете соодветно оваа активност потребно е да ги следите следниве неколку чекори. Во зависност од самата тежина на вежбата, можете сами да одлучите дали некои од чекорите кои се посериозни или потешки за практикување да ги прескокнете и да ги направите само оние чекори во зависнот од можностите и вештините на учениците за возење на велосипед.
  • Пред самото започнување на оваа активност следете ги следниве мерки на претпазливост:
  • Кога се користи просторот за запирање, да се осигураме дека сите парови на велосипедисти го напуштиле теренот пред да започнат следните двајца велосипедисти
  • Јасно да се дефинира безбедна патека за велосипедистите што се враќаат
  • Кога се работи на просторите за запирање, да се осигураме дека велосипедистите одржуваат простор колку за 1-2 велосипеди (во должина) еден со друг меѓусебно
  1. Основно кочење:
  • Проверете дека сите велосипедисти знаат која рака управува со секоја кочница
  • Велосипедистите нека одат со велосипедите понапред
  • Искористете ја задната кочница цврсто и сигурно. Покажете како задното тркало лизга и како велосипедот не запира
  • Искористете ја предната кочница цврсто. Покажете како велосипедот запира одеднаш, и како предниот дел запира. 
  • Прашајте која кочница запира најефикасно
  • Разговарајте за заклучоците од ненадејно запирање со предна кочница
  • Охрабрете ги децата да ги користат двете кочници умерено и постепено
  1. Простор за запирање:
  • Поставете го просторот за запирање како на цртежот
  • Оваа вежба е одлична подготовка за безбедно запирање во итни случаи
  • Охрабрете ги велосипедистите да се седнати што е можно поназад на седиштето кога кочат
Кочење 1.jpg
  1. Совети за вежбање:
  • Користете ги двете кочници подеднакво
  • Ако почнете да се лизгате, ослободете ги кочниците и повторно користете ги еднакво
  1. Кружни запирања:
  • Поставете го кругот со обележувачи како на цртежот
  • Охрабрете ги децата да зборуваат за негативните ефекти од лизгање (губење контрола, трошење на гумите, ефекти од вакви лизгања врз патеките во нашата животна средина, итн).
  • Користете поени за повеќе внимание на брзо запирање без лизгање
  • Фокусирајте се пред се на безбедно запирање додека сте седнати
  • За време на оваа вежба, велосипедистите треба да возат бавно околу кругот, една минута, без да запираат
Кочење 2.jpg
  1. Активности за подобрување:
  • За да се олесни активноста:
  • Почнете полека да вежбате
  • Зоната за забрзување нека биде скратена
  • Зоната за запирање нека биде подолга
  • Користете креда за да нацртате линија за секоја фаза, т.е., фаза на забрзување, фаза на припрема за запирање, фаза на запирање.
  • За да се отежне активноста:
  • Скратете ја зоната за кочење
  • Продолжете ја зоната за забрзување
  • Додајте повеќе СТОП линии (на пример 5) во склоп на зоната за запирање. Дајте 5 поени за запирање на најблиската линија, а 1 за најдалечната. 
  • Поставете обележувач на точката за запирање за секој велосипедист. Секој од нив треба да проба да запре порано колку што може без да лизга со велосипедот.
  • Други идеи:
  • Поставете неколку стоп простори со различни нивоа по сложеност. Велосипедистите може да напредуваат со потешките нивоа.
  • Следно, велосипедистите нека кочат додека стојат и ја префрлаат својата тежина наназад. Педалите треба да се израмнети за ова. Нека ја користат задната кочница пред да прејдат на користење предна, па две кочници одеднаш.
  1. ВАЖНО -Белешки за вежбање:
  • Почнете со секоја активност бавно
  • Осигурајте се дека велосипедистите гледаат напред
  • Охрабрете ги велосипедистите да возат со покриени кочници кога се близу еден до друг, или близу до опасни места и пречки
  • Охрабрете ги велосипедистите да ги користат кочниците подеднакво и плански
  • Фокусирајте се пред се на запирање додека седите. Ако велосипедистите се самоуверени, тие може да прејдат на кочење додека стојат. Ова ќе им ја подобри контролата врз велосипедот, и исто така ова се користи за off-road возење. За возење во урбана средина, препорачливо е да се седи кога се кочи. 
  • Насочете ги децата кон делот “Користење на кочниците” од Водичот за Велосипедисти. 
  • Охрабрете ги децата да ги вежбаат овие вештини

Потребни материјали:

  • Обележувачи / конуси, пожелно во повеќе бои
  • Креда за на игралиштето 

Очекувани резултати:

На крајот на оваа активност, децата треба да можат да:

  • Запрат со велосипедите безбедно и без лизгање
  • Изведат итно запирање
  • Кажат која кочница има најдобар ефект на кочење

Времетраење на вежбата: 45-60 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Автор Velo Schools

Тестирање на тренинг програма Еquip and Empower

На 27 Март во Парк Македонија, Скопје организравме двочасовен тренинг за младински работници и наставници на тема велосипедизам. Тренингот е дел од тренинг програмата Equip and Empower креирана за проектот Youth &Commute: A structured approach for improving the mobility of marginalized youth. Тренинг беше наменет за наставници и младински работници за да се едуцираат на […]

Прочитај повеќе

АРАРАТ, ТУРЦИЈА

Храбри и решителни велосипедисти од Македонија од кој еден е претставник од Вело Училишта, минатата недела успеаа да се искачат на врвот на Арарат во Турција со велосипеди на грб !! Дефинитивно сериозен потег дури и за неозбилни велосипедисти како што се нарекуваат тие, успешно се искачија на висина од 5.137 m со велосипеди и […]

Прочитај повеќе