Нагодување на шлем

Важни информации за носење на шлем

Вовед:

  • Додека учениците учат за забавата и слободното возење велосипед, исто така мора да ги знаат и вештините, односот, и знаењето за безбедно возење, како и да го делат патот. Да се биде безбеден на велосипед, значи да се избегне несреќа или пад, и да се биде добро спремен и подготвен.
  • Со оваа активност наставникот и учениците ќе имаат можност да се запознаат со важните информации поврзани за носењето на шлем, како и негово правилно нагодување.

Цели:

  • Учење за важноста за носење на шлем додека се користи велосипедот како превозно средство

Методи и стратегии:

  • Визуелен метод на учење 
  • Перцепција и меморија
  • Практично учење

Форми на работа:

  • Индивидуален
  • Групна форма на работа 

Вид на активноста:

  • Секој ученик индивидуално ќе има можност практично да проба да го нагоди шлемот на својата глава

Како се спроведува вежбата:

  • За најсоодветно да се спроведе оваа активност потребно е да имате еден или два шлема на лице место за да може најсоодветно да ги следите следниве важни чекори: 
  1. Зошто да се носи шлем?
  • Кога се носи велосипедски шлем, се намалува ризикот од повреда на главата и мозокот за 85%. Овој шлем ја распределува силата на ударот на целата површина на шлемот. Исто така, голем број на држави, имаат правило за задолжително носење на шлем за сите велосипедисти, дури и оние под 18 години.
  1. Како да се одбере шлем?
  • Прво, видете дали има налепница за одобрена безбедност, во внатрешноста на шлемот.
  • Второ, пробајте го и видете дали е погоден и удобен. Шлемот треба да е поставен коцкасто и удобно, и да има мека облога.
  1. Како да се нагоди шлемот?
  • Шлемот треба да ја покрива горната страна на главата, како и предниот дел кај челото.
  • Стегнете го ременот и нагодете ги траките под ушите. Кога ова е направено, шлемот треба да биде стегнат и да не се поместува лесно, и да не се поместува од главата.
  • ОЧИ. Шлемот мора да е на ниво на главата, да го покрива челото. За да се испроба ова, поставете два прсти над вашите веѓи. Врвот на прстот треба да го допира дното на шлемот (види слика).
  • УШИ. Подесувачите треба да се наместени во V форма или Y форма под ушните школки. Ова го право нагодувањето на шлемот пријатно и помага да остане на место (види слика).
  • УСТА. Треба да сте во можност да ја отворите устата широко и да зборувате нормално, но исто така треба да го чувствувате шлемот надолу на главата кога ја отворате устата. Повеќе од два прсти не смеат да се соберат во просторот кај ременот под брадата (види слика).
Helmet 1.jpg
Helmet 2.jpg
Helmet.jpg
  1. Кога треба да се замени шлемот?
  • Заменете го члемот ако веќе се случила незгода или пад. Секој удар, дури и мал, е доволен за да ги намали заштитните одлики на шлемот. Основното носење на шлемот го ослабува со тек на време, па и тогаш треба да го заменувате, на секои неколку години – повеќето произведувачи си имаат посебни специфични услови.

Потребни матријали:

  • Шлем (еден или два)
  • За заштита на сопствената хигиена најдобро е да за секој ученик има обезбедено хируршка капа за да може соодветно да ја практикува оваа активност.

Очекувани резултати:

  • После спроведување на оваа активност, учениците ќе располагаат со основни и важни информации за користењето на шлемот додека возат велосипед, како и негово правилно нагодување.

Времетраење на вежбата:  40 минути

*Дополнителни ресурси: 

http://www.youtube.com/watch?v=6d0–DnnDag&feature=related 

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Автор Velo Schools

Тестирање на тренинг програма Еquip and Empower

На 27 Март во Парк Македонија, Скопје организравме двочасовен тренинг за младински работници и наставници на тема велосипедизам. Тренингот е дел од тренинг програмата Equip and Empower креирана за проектот Youth &Commute: A structured approach for improving the mobility of marginalized youth. Тренинг беше наменет за наставници и младински работници за да се едуцираат на […]

Прочитај повеќе

АРАРАТ, ТУРЦИЈА

Храбри и решителни велосипедисти од Македонија од кој еден е претставник од Вело Училишта, минатата недела успеаа да се искачат на врвот на Арарат во Турција со велосипеди на грб !! Дефинитивно сериозен потег дури и за неозбилни велосипедисти како што се нарекуваат тие, успешно се искачија на висина од 5.137 m со велосипеди и […]

Прочитај повеќе