Од локални улици до европската велосипедска сцена

Нашиот претставник, Никола Нешковски, присуствуваше на два значајни настани организирани од Европската велосипедска федерација, каде што имавме можност да се поврземе со организации, институции и претставници од велосипедскиот сектор од цела Европа, но и да ги претставиме активностите и иницијативите што се реализираат во Македонија.

Во рамки на посетата, учествувавме на работилница помеѓу претставници на велосипедската индустрија и велосипедски организации, каде се разговараше за актуелните предизвици и можности поврзани со урбаната мобилност, велосипедската инфраструктура, безбедноста и улогата на велосипедизмот во создавање поодржливи градови.

Дополнително, бевме дел и од Генералното собрание на Европската велосипедска федерација, каде што официјално се претставивме како нов член на оваа голема европска велосипедска мрежа. Ова претставува важен чекор за зајакнување на соработката и отворање нови можности за поврзување со европски иницијативи, организации и добри практики.

Особено ни беше важно што имавме можност да ги претставиме и нашите програми и проекти, меѓу кои:


-SCHOOL STREETS

-TRAILS for CHANGE
-едукативни програми за деца, наставници и родители

Преку овие иницијативи работиме на создавање побезбедни улици, поттикнување активна мобилност и развивање култура на одржливо движење уште од најрана возраст.

За време на настаните се отворија значајни разговори за иднината на велосипедизмот во Европа, важноста на локалните иницијативи и потребата од системски пристап кон креирање градови по мерка на луѓето.

Горди сме што приказните, искуствата и активностите од Македонија стануваат дел од европските разговори за иднината на мобилноста и одржливиот урбан развој.

Автор Velo Schools

ЈАВЕН ПОВИК

За младински акции поврзани со мобилноста Имаш идеја како да ја направиш мобилноста подобра, побезбедна и подостапна за младите во твојата заедница? Сакаш да преземеш иницијатива и да направиш конкретна промена која вклучува движење? Пешачење, возење велосипед, безбедност на патеки, повеќе места за движење на твоите врсници? Ова е можноста да ја претвориш твојата идеја […]

Прочитај повеќе

Од Скопје до Грац: Градот низ очите на велосипедистите

Понекогаш, за да запознаеш еден град, доволно е да седнеш на велосипед и едноставно да тргнеш. Во рамки на проектот “SKOPJE–GRAZ: OUR CITY, OUR RIDE”, заедно со учениците од СУГС „Георги Димитров“ од Скопје, отпатувавме во Грац, Австрија, за да го истражиме градот од поинаква перспектива – онаа на велосипедистите. Возевме низ улиците, ги следевме […]

Прочитај повеќе