Проверка на велосипедите

Вовед:

  • Велосипедите се златна средина помеѓу возило и играчка, и често им е потребно механичко внимание. Проверка на велосипед од квалификуван велосипедски механичар овозможува основна грижа за велосипедот, од правилно возење, до дијагноза на поголеми проблеми – поврзани со поправка, соодветни делови, итн. – истите мора да се согледаат за да може велосипедистот да се врати на патеката.

Цели:

  • Учење како најсоодветно да се провери својот велосипед.
  • Бројот на велосипеди до училиште може да се зголеми, ако се покани тимот на локалната велосипедска продавница за да направи проверка на велосипедите на настанот, и да се промовира себеси истовремено. 

Методи и стратегии:

  • Практично учење 

Форми на работа:

  • индивидуален
  • групна/тимска работа 

Како се спроведува вежбата:

  • Повозрасни ученици (од петто одд. и повозрасни) ќе го ценат вниманието што се дава на нивните велосипеди. Но, родителите се често клучни во велосипедските проверки, бидејќи тие одлучуваат дали да инвестираат во поправка или подобрување. 
  • Велосипедизмот  е најчесто сезонски: најдобро е да се пристапи кон ова во зима и да се помага на училишни или младински програми, и не по случајност, ова е одлично време да се одржуваат активности во затворени простории кои нема да се попречени од времето.
  • Велосипдеските продавници може да одржат велосипедска проверка или одржување во продавницата после одреден број на саати, за заинтересираните ученици или семејства. Вакво организирање значи дека персоналот не мора да оди насекаде со алатките, го поедноставува поправањето, и ги запознава семејствата и учениците со еден основен рсурс на заедницата: локалната велосипедска продавница.

Потребни материјали:

  • Соодветни алати за проверка на велосипедите
  • Потребно е да ги погледнете и останатите дневни подготовки кои се однесуваат на соодветна проверка на велосипедите како: 
  • АБВГ  Велосипедска проверка
  • Велосипедско нагодување и функција
  • Едноставни начини како да го проверите велосипедот во домашни услови
  • Расклопување на внатрешна гума 

Очекувани резултати:

  • После спроведување на оваа активност како и на сите активности кои се наменети за проверка на еден велосипед, учениците комплетно ќе бидат спремни со основното знаење и информации за еден велосипед.

Времетраење на вежбата:  45 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Автор Velo Schools

Тестирање на тренинг програма Еquip and Empower

На 27 Март во Парк Македонија, Скопје организравме двочасовен тренинг за младински работници и наставници на тема велосипедизам. Тренингот е дел од тренинг програмата Equip and Empower креирана за проектот Youth &Commute: A structured approach for improving the mobility of marginalized youth. Тренинг беше наменет за наставници и младински работници за да се едуцираат на […]

Прочитај повеќе

АРАРАТ, ТУРЦИЈА

Храбри и решителни велосипедисти од Македонија од кој еден е претставник од Вело Училишта, минатата недела успеаа да се искачат на врвот на Арарат во Турција со велосипеди на грб !! Дефинитивно сериозен потег дури и за неозбилни велосипедисти како што се нарекуваат тие, успешно се искачија на висина од 5.137 m со велосипеди и […]

Прочитај повеќе