Растојание велосипед-автомобил

Вовед:

  • Соодветното растојание помеѓу велосипедистот и автомобилот (без разлика дали истиот е во движење или паркиран) е круцијална информација за безбедно возење на велосипед. Ненадејното отворање на врата од автомобил и несоодветното растојание помеѓу велосипедистот и автомобилот може сериозно да ја загрози безбедноста на велосипедистот.

Цели:

  • Учење на соодветното растојание што треба да постои помеѓу велосипед и автомобил, додека велосипедот е вклучен во сообраќајот.

Методи и стратегии:

  • визуелен метод на учење 
  • практично учење

Форми на работа:

  • индивидуален

Како се спроведува вежбата:

  • Растојанието помеѓу велосипед и автомобил е од круцијално значење додека велосипедот е вклучен во сообраќајот. 
  • На првата слика е прикажано несоодветно растојание помегу велосипедистот и паркираниот автомобил
  • На втората слика е прикажано колкаво всуштност е потребно да биде растојанието помеѓу велосипедистот и авотмобилот.
  • Без разлика дали автомобилот е паркиран или во движење соодветно растојание е потребно да се држи помеѓу него и велосипедистот кој е вклучен во сообраќајот. Како велосипедисти секогаш имајте јасна слика колку треба да бидете одалечени од автомобилот во случај некој од внатре ја отвори вратата.
Practice_opening car door_teachers.jpg

Потребни матријали:

  • Доколку сте во можност оваа активност најубаво е да се покаже на лице место односно како што е прикажано на сликите погоре. Со автомобил и велосипед, за да може секој ученик да може да проба со велосипедот.

Очекувани резултати:

  • Учењето на соодветните подесувања, информации и правила поврзани со велосипедизмот е круцијално во секојдневнотото безбедно користење на велосипедот.

Времетраење на вежбата:  30-40 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?
Автор Velo Schools

Тестирање на тренинг програма Еquip and Empower

На 27 Март во Парк Македонија, Скопје организравме двочасовен тренинг за младински работници и наставници на тема велосипедизам. Тренингот е дел од тренинг програмата Equip and Empower креирана за проектот Youth &Commute: A structured approach for improving the mobility of marginalized youth. Тренинг беше наменет за наставници и младински работници за да се едуцираат на […]

Прочитај повеќе

АРАРАТ, ТУРЦИЈА

Храбри и решителни велосипедисти од Македонија од кој еден е претставник од Вело Училишта, минатата недела успеаа да се искачат на врвот на Арарат во Турција со велосипеди на грб !! Дефинитивно сериозен потег дури и за неозбилни велосипедисти како што се нарекуваат тие, успешно се искачија на висина од 5.137 m со велосипеди и […]

Прочитај повеќе