Училишен велосипедски клуб

Вовед:

  • Велосипедскиот клуб е програма која е бесплатна или со ниски трошоци. Учениците учествуваат во велосипедските активности, вежбаат вештини за возење велосипед, и учат основна грижа и одржување на велосипедот додека добиваат шанса да си ја изградат самодовербата како велосипедисти во една забавна средина со други ученици.

Цели:

  • Формирање на училишен велосипедски клуб каде учениците ќе имаат можност да ги унапредат своите велосипедски вештини, да се стекнат со нови знаења, стекнат нови пријателства, како и одлично се забавуваат додека возат велосипед.

Форми на работа:

  • индивидуален
  • групна/тимска работа (одделението се дели во помали тимови или групи од по 4 или 5 ученика)

Вид на активноста:

  • Велосипедските клубови се за ученици од 4то одд. или постари, и кои ги имаат потребните возачки и одлучувачки вештини за да ги управуваат своите велосипеди на патот. Водачите на велосипедските клубови треба да имаат доволно знаење и да се примери за ентузијазам кои инспирираат и едуцираат ученици да возат велосипед со самодоверба. Велосипедските клубови им даваат возачки вештини на учениците, поситивно охрабрување, самодоверба, и прават на позитивен начин да сретнат и запознаат пријатели, додека се учествува во здрави физички активности. 

Како се спроведува вежбата:

Фактори за започнување и планирање на училишен велосипедски клуб:

  • Добивање поддршка од училишниот персонал и родителите.
  • Креирање првични конекции со локалните ресурси за поддршка.
  • Промовирање на идејата со учениците за повеќе интерес и вклучување на нивните идеи.
  • Промовирање и рекламирање на клубот како забавна активност за вклучување.
  • Работење со учениците учесници за формирање клуб активности, цели, и правила.
  • Одржување настани и славење на успесите.
  • Информираност и согласност, фото-промоција на формулари за учесниците и семејствата.
  • Начини за обезбедување на клуб учесниците до пристап на велосипеди и безбедносна опрема.
  • Простор (внатре и/или надвор) за клуб состаноци, активности, и складирање. 
  • Листа на настани во неочекувани услови.

Важни информации:

  • Како и со секој ученички клуб, велосипедскиот клуб успева врз база на ентузијазам и интерес од неговите членови. Учениците треба да се вклучени во креирање активности и бирање на патеки и дестинации, за да се вклучат во клубот и да добијат вештини кои се потребни за независно возење велосипед.
  • Велосипедскиот клуб се заснова на учество од учениците кои имаат пристап до велосипеди – или нивни или обезбедени од училиштето/клубот. За училишта во заедници со помал буџет, програмата Заработи-Велосипед или Возење Велосипед во Заедницата е добар начин за сите клуб членови или за училиштето, да се обезбедат со велосипеди за клуб активностите.
  • Постојаноста е важна за секој клуб после часовите. За велосипедски клуб, ова може да значи посветени клуб водачи кои овозможуваат постојани активности и настани. Исто така, може и да е потребно поголем избор на активности поврзани со велосипеди, за да се осигура дека клубот е активен во зима и кога времето е неповолно за возење. Ова е перфектно време за фокус на лични вештини како планирање на патеките; забава, формирање групни активности како филмови; и одржување на велосипедите и механиката.

Потребни материјали:

  • Со самото формирање на училишниот велосипедски клуб, постешено ќе увидувате кои ви се потребните материјали (алат, простор за соодветно чување на велосипедите, и сл.)

Очекувани резултати:

  • Формирање и одржување на училишниот велосипедски клуб преку целата училишна година.

*Дополнителни информации за наставникот: 

Варијација: Велосипедски Клуб на Заедницата

Поставување на велосипедски клуб во партнерство со група од заедницата е добра опција за ушилиштата кои немаат експертиза или ресурси за поставување и раководење на клуб. Велосипедски или атлетски клуб, заедница или младински центри – билокоја група од заедницата која работи со млади луѓе и се фокусира на физичка активност или на активности на отворен простор е добар партнер. 

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Автор Velo Schools

Тестирање на тренинг програма Еquip and Empower

На 27 Март во Парк Македонија, Скопје организравме двочасовен тренинг за младински работници и наставници на тема велосипедизам. Тренингот е дел од тренинг програмата Equip and Empower креирана за проектот Youth &Commute: A structured approach for improving the mobility of marginalized youth. Тренинг беше наменет за наставници и младински работници за да се едуцираат на […]

Прочитај повеќе

АРАРАТ, ТУРЦИЈА

Храбри и решителни велосипедисти од Македонија од кој еден е претставник од Вело Училишта, минатата недела успеаа да се искачат на врвот на Арарат во Турција со велосипеди на грб !! Дефинитивно сериозен потег дури и за неозбилни велосипедисти како што се нарекуваат тие, успешно се искачија на висина од 5.137 m со велосипеди и […]

Прочитај повеќе