Бавна трка

Најдобриот начин да се унапредува самата вештина за возење велосипед како и да се научат основните информации за безбедност во сообраќајот е да се вежба теоретски, но и практично. Оваа активност е за унапредување на велосипедските вештини во безбедна средина, преку која се учат нови нешта како: баланс, контрола, рамнотежа и сл. Основата на самата активност е вежбање и усовршување на балансот при возење на велосипед, со акцент на возење при мала брзина.

Како се спроведува самата активност:

  • За оваа активност е потребен терен со права насока, поделена на неколку “ленти или патеки“ при што целта е да се помине зададената должина на патеката од страна на секој ученик, меѓутоа без симнување на стопало на земја при возењето.
  • Оној кој ќе успее да е последен е победник. Можеби ви звучи чудно, но целта на оваа игра е учениците што подолго да балансираат на својот велоиспед.
  • Активноста може да се организира со двајца но и повеќе ученици – без ограничување, се додека просторот ви го дозволува тоа.
  • Група на ученици може да вози одеднаш ако има доволно простор.
  • Теренот треба да биде најмалку 20 метри долг, а секоја лента најмалку 1 метар во широчина.
  • Учениците учат одлична контрола на велосипедот, баланс, и управување.

Потребни материјали:

  • Велосипед/и
  • Заштитна кацига
  • Креди и/или ленти за обележување
  • Конуси (опционално)
  • Ленти/јажиња (опционално)

Очекувани резултати:

После спроведување на оваа активност, учениците ќе имаат подобрени вештини за возење на велосипед, со акцент на подобрен баланс и контрола врз својот велосипед.

Времетраење на активноста:

45 минути

Дополнителни информации:

  • Користете креда, конуси или јажиња за да креирате терени и граници. Не се двоумете за варијации или прецизни терени со цел да ги предизвикате учениците. Поставувањето на теренот е добра шанса да ги натерате волонтерите или учениците активно да се приклучат во неговото поставување. Превземи слика за детален приказ
  • Родителите исто така можат да бидат вклучени во следење, запазување, и охрабрување на учениците во спроведување на самата активност. Ваквиот вид на активности  се одлична шанса за родителите да бидат исто активни, па и тие да научат соодветни велосипедски техники и да ги гледаат учениците како ги подобруваат сопствените велосипедски вештини додека се забавуваат. Доколку сакате и можете, слободно вклучете и родители во ова активност. Верувајте, ќе им биде и на нив забавно.
  • Имајте во предвид дека кога децата се на велосипедите, нормално е да се забавуваат и да се енергични. Вежбајте и демонстрирајте вакви активности однапред. Насочете го ентузијазмот на децата во оформени активности преку јасни правила, фокусирајте се на забава, и гледајте ги учениците како напредуваат и стануваат се подобри во сосптвените велосипедски вештини.
Автор Velo Schools

SKOPJE–GRAZ: OUR CITY, OUR RIDE – Успешно реализирана работилница во СУГС „Георги Димитров“

Во СУГС „Георги Димитров“ успешно се одржа теоретско-практична работилница во рамки на Erasmus+ проектот „SKOPJE–GRAZ: OUR CITY, OUR RIDE“ (Acronym: BIKE Citizens), насочен кон поттикнување на младинско учество во подобрување на урбаната мобилност и промоција на одржлив транспорт. Запознавање со проектот и неговите цели Настанот започна со презентација на проектот, неговите главни цели и важноста […]

Прочитај повеќе

Поставени информативни знаци во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево во рамки на проектот „Училишни улици“

Во рамките на Еразмус+ проектот „Училишни улици“ (School Streets), во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево беа поставени информативни знаци со цел да се поттикне поголема свесност кај родителите, учениците и локалната заедница за значењето на безбедната и здрава училишна околина. Оваа активност е дел од иницијативата „Вело Училишта“, која има за цел да промовира […]

Прочитај повеќе