Безбедносна активност

Со оваа активност учениците ќе имаат можност да се релаксираат преку креирање на своја безбедносна сцена, да прикажат каква е или каква треба да биде околината додека возат велосипед. Преку визуелен и креативен метод на учење децата ќе имаат можност да ја изразат својата имагинација, со тоа што ќе прикажат безбедносна сцена за возење велосипед.

Како се спроведува самата активност:

  • Секој ученик во одделението треба да добие примерок од активноста.
  • Секој ученик индивидуално треба да нацрта безбедносна сцена за возење велосипед.
  • Дали е тоа можеби најблискиот парк, или пак своето маало или идеја каква би сакале да биде околината додека возиме велосипед-останува на самите ученици да ја употребат својата креативност и прикажат како и да ја опишат во две комплетни реченици.

Потребни материјали:

  • Испечатен примерок од активноста за секој ученик
  • Боички: дрвени, мрсни, водени, темперни, фломастери

Очекувани резултати:

  • Воочување на важноста за безбедноста на средината додека возиме велосипед
  • Развивање на сопствената креативност и имагинација
  • Добра забава

Времетраење на активноста:

20-30 минути

Дополнителни информации:

Мотиварајте ги учениците да го опишуваат сопствениот цртеж додека цртаат-што е тоа што прво го забележуваат на патот додека возат велосипед, дали возењето на велосипедска патека им дава безбедно чувство и сл.

Автор Velo Schools

Ден 1 од состанокот на проектните партнери за „School Streets“ во Скопје

Вчера во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје се одржа првиот ден од состанокот на проектните партнери во рамки на Еразмус+ проектот „School Streets – Enjoy your journey to school“. На средбата учествуваа партнери од проектот, како и претставници од општините и основните училишта кои активно работат на унапредување на безбедноста околу училиштата. Денот започна […]

Прочитај повеќе

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе