Вело Родео е настан за сите возрасти, додека децата уживаа во активностите возрасните имаа можност да уживаат во музиката и убавото време.
Како и секоја година, покрај Вело активностите, имаше и работилница за експерименти за кои се погрижија учителките Биби и Цаци . За штафелаите, боите и маркерите беше задолжен Доро кој им дозволи на сите деца да цртаат и бојат како тие сакаат. Оние кои ги сакаат приказните, тајните кои се кријат во книгите, Чудна Шума им ги откриваше една по една. Извидниците им покажаа на децата од како се управува со лак и стрела до како да наместат шатор кога ќе треба да кампуваат. А за креативните умови и малите архитекти тука беа Лего коцките во огромен број. Настанот е организиран во соработка со Europe House Skopje. Вело Родео е дел од Re-Cycling проектот ко-финансиран од Европската Унија.