Европска недела на мобилност 16-22 Септември 2021

До: Градинки и Основни училишта на територија на Република Северна Македонија

Предмет: Одбележување на Европска недела на мобилност, 16 – 22 Септември 2021

Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко Логик како и во изминатите години, така и во 2021 година, се вклучува во одбележување на Европската недела на мобилност од 16 до 22 Септември 2021 година која го носи мотото:

„Движете се одржливо, останете здрави!“.

Преку овогодинешното мото се охрабруваат луѓето да одржуваат физичка и ментална кондиција, додека ја истражуваат убавината на нивниот град, регион или земја; да покажат свестност за заштита на животната средина и здравјето на другите, при изборот на нивниот начин на транспорт.

Во таа насока, споделуваме насоки за одбележување на Европската недела на мобилност со предлог активности кои можете да ги реализирате со вашите ученици.

Автор Velo Schools