Мојот велосипед

Постојат различни видови на велосипеди! Меѓутоа најдобриот начин децата и младите да се запознаат со истите е тој да биде креативен, забавен и иновативен.

Можноста за креативно изразување е важна за децата и нивниот развој. А со оваа активност тие ќе имаат можност да ја изразат сопствената креативност и имагинација преку креирање на индивидуален и уникатен дизајн за својот велосипед.

Како се спроведува самата активност:

  • Секој ученик во одделението потребно е да добие по еден примерок од темплејтите со различни видови на велосипеди и индивидуално го обои.

Темплејтите со различни видови велосипеди, можете да ги превземете на следниот:

Потребни материјали:

  • Примерок од различните видови на велосипеди
  • Боици (дрвени, мрсни, фломастери, темперни, водени)

Очекувани резултати:

  • Преку спроведување на оваа активност, учениците ќе имаат можност да се запознаат со различните видови на велосипеди и нивната примена.
  • Развивање на креативност и имагинација.
  • Добра забава

Времетраење на активноста:

20-25 минути

Дополнителни информации:

Уште еднаш ве потсетуваме на активноста со наслов „Видови велосипеди“ која можете да ја најдете на следниот:

Мотивирајте ги учениците да ги опишуваат деталите на велосипедите што ги бојат, со поставување на кратки и конкретни прашања:

Какви кочници има велосипедот?
Какво е седлото?
Каква е бојата на целиот велосипед?
Дали има корпа?
Какви се педалите (пластични, алуминиумски, железни)? и сл.

Автор Velo Schools

Безбедност на децата во сообраќајот

Основни информации-важни за безбедноста на децата во сообраќајот Вовед: Учебната година е во тек и децата секојдневно се активни учесници во сообраќајот. Да внимаваме на нив. Обврска е на секој родител и возрасен придружник да ги превземе сите неопходни мерки за безбедноста на децата како учесници во сообраќајот. Цели: Учење на основните информации за безбедноста […]

Прочитај повеќе