Подигнување шише

Најдобриот начин да се унапредува самата вештина за возење велосипед, како и да се научат основните информации за безбедност во сообраќајот е да се вежба теоретски и практично.

Со оваа активност учениците преку практично учење, ќе можат да се подобрат во возењето на велосипед со една рака, како и одржувањето на контрола и баланс.

Како се спроведува самата активност:

  • Во училишниот двор на одредено растојание поставете стол и на него шише со вода.
  • Учениците возејќи велосипед треба да стигнат до столчето да успеат да го кренат шишето со вода, во текот на нивното возење, и да го предадат на следниот ученик.
  • Како што ќе се подобруваат во изведување на самата активност, шишето може да се поставува пониско.
  • Ова е забавен и предизвикувачки начин за да се подобри возењето со една рака и да се балансира додека се потпираат.
  • Учениците не се ограничени колку пати да ја спорведат активноста.

Потребни материјали:

  • Велосипед/и
  • Заштитна кацига
  • Шише
  • Стол

Очекувани резултати:

После спроведувањето на оваа активност одржувањето на баланс и контрола како велосипедски вештини ќе бидат подобрени кај учениците.

Времетраење на активноста:

45 минути

Дополнителни информации:

  • Користете креда, конуси или други тврди предмети за да креирате терени и граници. Не се двоумете за варијации или прецизни терени со цел да ги предизвикате учениците. Поставувањето на теренот е добра шанса да ги натерате волонтерите или учениците активно да се приклучат во неговото поставување.
  • Родителите исто така можат да бидат вклучени во следење, запазување, и охрабрување на учениците во спроведување на самата активност. Ваквиот вид на активности се одлична шанса за родителите да бидат исто активни, па и тие да научат соодветни велосипедски техники и да ги гледаат учениците како ги подобруваат сопствените велосипедски вештини додека се забавуваат.
  • Имајте во предвид дека кога децата се на велосипедите, нормално е да се забавуваат и да се енергични. Вежбајте и демонстрирајте вакви активности однапред. Насочете го ентузијазмот на децата во оформени активности преку јасни правила, фокусирајте се на забава, и гледајте ги учениците како напредуваат и стануваат се подобри во сосптвените велосипедски вештини.
Автор Velo Schools

SKOPJE–GRAZ: OUR CITY, OUR RIDE – Успешно реализирана работилница во СУГС „Георги Димитров“

Во СУГС „Георги Димитров“ успешно се одржа теоретско-практична работилница во рамки на Erasmus+ проектот „SKOPJE–GRAZ: OUR CITY, OUR RIDE“ (Acronym: BIKE Citizens), насочен кон поттикнување на младинско учество во подобрување на урбаната мобилност и промоција на одржлив транспорт. Запознавање со проектот и неговите цели Настанот започна со презентација на проектот, неговите главни цели и важноста […]

Прочитај повеќе

Поставени информативни знаци во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево во рамки на проектот „Училишни улици“

Во рамките на Еразмус+ проектот „Училишни улици“ (School Streets), во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево беа поставени информативни знаци со цел да се поттикне поголема свесност кај родителите, учениците и локалната заедница за значењето на безбедната и здрава училишна околина. Оваа активност е дел од иницијативата „Вело Училишта“, која има за цел да промовира […]

Прочитај повеќе