Возењето велосипед е една од првите вештини која секој од нас ја искусил уште во најраното детство. Без разлика дали истата сме ја практикувале секојдневно или повремено, возењето велосипед претставува вештина која откако првично ќе ја совладаме останува до крајот на животот. Сигурно се сеќавате на она позитивно чувство кое го имавте кога за првпат седнавте на велосипед и ги свртевте педалите, а тој се придвижи. Чувства на леснотија, слобода и адреналин се оние чувства кои сите ние сме ги почувствувале при првото самостојно возење велоспед. Незаборавно.
Возењето велосипед може да се гледа од аспект на стекнување на една од основните животни вештини преку која децата ја подобруваат својата координација, добиваат осет за околината и нејзиното опкружување, но ја зголемуваат и довербата во сопствените способности. Возењето велосипед нуди можност за независност кај децата, а претставува и одржлива и еколошка опција за патување од точка А до точка Б. Истовремено, возењето велосипед претставува активност која носи физички и ментални придобивки.
Во таа насока, по повод 9 Мај Ден на Европа, Здружението на Граѓани Еко Логик, во рамки на програмата Вело Училишта отвара „Повик за креирање на вело стрип“, со цел да увидиме што претставува самиот велосипед за децата и истовремено да го потикнеме нивниот креативен и истражувачки дух на следните теми:

Наградените творби ќе се објават на 03.06.2021-по повод „Интернационалниот ден на возењето велосипед“ на:
https://www.facebook.com/veloschools
https://www.facebook.com/EcoLogic.mk
Право на учество имаат ученици од прво до деветто одделение од основните училишта во Македонија:
Жири комисија на „Eко Логик“, ќе оценува:
Порака која се пренесува преку творбите, креативност, иновативност, начин на изразување и сл. ќе има улога во доделување –награди/сертификати.
2 категории: според возраста на учениците: од I до V oдделение и од VI до IX одделение и
според видот на творбата ( односно, вело стрипови- категории: од I до V oдделение и од VI
до IX одделение)




















По повод интернационалниот ден на возењето велосипед 03.06.2021, а со огромно задоволство ги објавуваме резултатите од објавениот повик за креирање на Вело Стрип:
Категорија I-V одделение:
(1 место добива: заштитна кацига): Мелани Антониевска-IV одделение ООУ„Тошо Арсов“-Штип
Ментор: Анастасија Петрова
(2 место добива: маица+светла за велосипед): Сара Давчева-IV одделение ООУ„11 Октомври“-Скопје
Ментори: Сандра Толевска и Билјана Танеска
(3 место добива: маица+шише за вода): Ландон Боллиер-I одделение ООУ„Крсте Мисирков“-Куманово
Ментор: Маја Пандуревиќ
Пофалница: Берина Мргуда-III одделение ООУ„Рајко Жинзифов“-Горно Оризари, Велес
Ментори: Невенка Ѓошева и Даниела Тумбова
Категорија VI-IX одделение:
(1 место добива: заштитна кацига): Сара Савова-IX одделение ООУ„Коста Рацин“-с.Брвеница
Ментор Лина Тренкоска
(2 место добива: маица+светла за велосипед): Јана Даскаловска-VIII одделение ООУ„Петар Поп Арсов“-Скопје
Ментор: Александра Митровска
(3 место добива: маица+шише за вода): Меланија Стевовска-VIII одделение ООУ„Братство Миѓени“-Тетово
Ментор: Лина Тренкоска
Пофалници:
Павел Додевски: VIII одделение ООУ„Кузман Јосифовски Питу“-Скопје
Ментор: Зорица Вељаноска
Мухамед Демири-IX одделение ПОУ„Маца Овчарова“-Велес,
Ментор: Добрила Ефтовска
Петар Здравевски-VI одделение ПОУ„Маца Овчарова“-Велес
Ментор: Дијана Попанов
Давид Картиновски-VII одделение-ПОУ„Маца Овчарова“-Велес
Ментор: Кристина Јанковски
Дигитална категорија:
-за која бевме дополнително мотивирани од креативните ученици кои ни испратија стрипови во таква форма. Сите ученици кои се дел од оваа категорија се добитници на маица Вело Училишта:
Дамјан Андонов—VIII одделение ООУ„Ванчо Прќе“-Штип
Ментор: Анастасија Петрова
Костадин Узунов-VI одделение ООУ„Владо Кантарџиев“-Гевгелија
Ментор: Анита Божинова
Дарија Секуловска-V одделение ООУ„Ј.Х.Песталоци“-Скопје
Ментор: Славица Гаврилова
Уна Масевска-V одделение ООУ„Киро Глигоров“-Скопје
Честитки до сите наградени и пофалени, Ви посакуваме уште многу многу успеси понатаму на секое поле. Продолжете да ја негувате вашата креативност и имагинација.
Огромна благодарност до сите учесници во овој повик, како и до нивните ментори и родители. Навистина ни зададовте тежок избор, да донесеме вистински решенија од повеќе од 100тина пристигнати творби.
Погледнете и уживајте!