Правилно местење на заштитна кацига

Безбедноста е на прво место кога возиме велосипед. Носењето на заштитна кацига додека возиме велосипед е следниот чекор, после проверката на сопствениот велосипед во домашни услови, за нашето патување да биде удобно, забавно и пред се безбедно.

Со оваа активност, преку визуелен пристап, практично учење и меморија, децата ќе имаат можност да ги следат и научат чекорите за правилно и соодветно местење на заштитна кацига.

Како се спроведува самата активност:

  • Наставникот може да ги прочита на глас сите потребни информации за правилно местење на заштитна кацига.
  • Секој ученик индивидуално ќе има можност практично да проба да ја намести заштитната кацига на својата глава, следејќи ги соодветните чекори.
  • Препорачуваме доколку учениците имаат сопствена заштитна кацига, истата да ја донесат за време на спроведување на активноста и ја искористат.
  • Доколку учениците немаат своја сопствена кацига која ќе можат да ја искористат, потребни ви се една до две кациги за да ги употребите во текот на спроведување на активноста.

Важните информации за носење на заштитна кацига, како и чекорите за нејзино правилно местење, можете да ги превземете на следниот:

Потребни материјали:

  • Заштитни кациги (една или две).
  • За заштита на сопствената хигиена најдобро е да за секој ученик има обезбедено хируршка капа за да може соодветно да ја практикува оваа активност, или задолжителна дезинфекција после секое користење/покажување.
  • Доколку учениците имаат сопствена заштитна кацига, истата може да ја искористат за оваа активност.

Очекувани резултати:

После спроведување на оваа активност, децата ќе располагаат со основни и важни информации за користењето на заштитната кацига додека возат велосипед, како и нејзиното правилно и соодветно местење.

Времетраење на активноста:

30 минути

Дополнителни информации:

Мотивирајте ги учениците да ги споделуваат сопствените искуства за носење на заштитна кацига.

Споделуваме со вас и дополнителен линк, кој може да ви послужи во текот на спроведување на активноста:

Автор Velo Schools

Безбедност на децата во сообраќајот

Основни информации-важни за безбедноста на децата во сообраќајот Вовед: Учебната година е во тек и децата секојдневно се активни учесници во сообраќајот. Да внимаваме на нив. Обврска е на секој родител и возрасен придружник да ги превземе сите неопходни мерки за безбедноста на децата како учесници во сообраќајот. Цели: Учење на основните информации за безбедноста […]

Прочитај повеќе