Разнесувач на весници

Најдобриот начин да се унапредува самата вештина за возење велосипед, како и да се научат основните информации за безбедност во сообраќајот е да се вежба теоретски и практично.

Активностите кои ги споделуваме преку серијалот на активности за велосипедизам се одличен начин за учениците да ги унапредат сопствените велосипедски вештини во безбедна средина без сообраќај, додека истовремено се забавуваат и учат нови нешта.

Со оваа активност учениците ќе можат да се подобрат во возењето на велосипед со една рака, како и одржувањето на контрола и баланс.

Како се спроведува самата активност:

  • Оваа активност е една од повеќето активности кои ги споделуваме за практично унапредување на велосипедските вештини, употребувајќи и доза на креативност и забава.
  • Активноста се вика разнесување на весници. За истата се потребни неколку картонски кутии, неколку свиткани весници и ташна за на рамо.
  • Потоа се поставуваат целите на теренот каде ќе бидат поставени картонските кутии и учениците треба да возат по теренот фрлајќи ги весниците на означените цели.
  • Оваа активност го подобрува балансот, координацијата, и возењето со една рака – и исто така е забавно.

Потребни материјали:

  • Велосипед/и
  • Заштитна кацига
  • Ташна за на рамо
  • Весници
  • Корпи/кутии

Очекувани резултати:

Унапредување на сопствените велосипедски вештини: возење со една рака, контрола, одржување на рамнотежа и сл.

Времетраење на активноста:

45 минути

Дополнителни информации:

  • Користете креда, конуси или други тврди предмети за да креирате терени и граници. Не се двоумете за варијации или прецизни терени со цел да ги предизвикате учениците. Поставувањето на теренот е добра шанса да ги натерате волонтерите или учениците активно да се приклучат во неговото поставување.
  • Родителите исто така можат да бидат вклучени во следење, запазување, и охрабрување на учениците во спроведување на самата активност. Ваквиот вид на активности се одлична шанса за родителите да бидат исто активни, па и тие да научат соодветни велосипедски техники и да ги гледаат учениците како ги подобруваат сопствените велосипедски вештини додека се забавуваат.
  • Имајте во предвид дека кога децата се на велосипедите, нормално е да се забавуваат и да се енергични. Вежбајте и демонстрирајте вакви активности однапред. Насочете го ентузијазмот на децата во оформени активности преку јасни правила, фокусирајте се на забава, и гледајте ги учениците како напредуваат и стануваат се подобри во сосптвените велосипедски вештини.
Автор Velo Schools

ДЕЦА И РОДИТЕЛИ НА ТРКАЛА – vol. 1 & 2

Родителот како пример е најсилниот алат за градење навики. Не затоа што кажува што е правилно, туку затоа што го живее. Токму затоа „Деца и родители на тркала“ не е само велосипедска тура. Тоа е потсетник дека промените започнуваат со мали, секојдневни избори – да се движиме повеќе, да поминуваме време заедно и да покажеме […]

Прочитај повеќе

SKOPJE–GRAZ: OUR CITY, OUR RIDE – Успешно реализирана работилница во СУГС „Георги Димитров“

Во СУГС „Георги Димитров“ успешно се одржа теоретско-практична работилница во рамки на Erasmus+ проектот „SKOPJE–GRAZ: OUR CITY, OUR RIDE“ (Acronym: BIKE Citizens), насочен кон поттикнување на младинско учество во подобрување на урбаната мобилност и промоција на одржлив транспорт. Запознавање со проектот и неговите цели Настанот започна со презентација на проектот, неговите главни цели и важноста […]

Прочитај повеќе