RE:ENGAGE – Поддршка за младите преку мобилност, вклучување и нови можности

Velo Schools е партнер во проектот RE:ENGAGE, кој има за цел градење на капацитетите, унапредување на способностите и овозможување на препознавање на таргет групите преку мобилност.

Проектот е насочен кон т.н. NEET млади – млади кои не се во работен однос, образование или обука. Посебен фокус ќе биде ставен на поголемото вклучување на девојките, преку активности кои ќе придонесат за нивно активно учество и поголема инклузивност.

Досега успешно се одржа kick-off состанокот на партнерите, на кој беа поставени основите за реализација на проектот. Во моментов партнерските организации се подготвуваат за спроведување на првиот камп, кој претставува почеток на активностите предвидени во рамки на проектот.

Во текот на имплементацијата ќе бидат изработени повеќејазични алатки и прирачници, со цел да се обезбедат практични ресурси за работа со целните групи. Покрај тоа, проектот ќе поттикне спроведување на различни иницијативи и користење на сторителинг како начин за споделување искуства и промовирање на активното учество на вклучените лица.

Проектот го предводи Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а се реализира во партнерство со Velo Schools, Bündnis für klimaschonende Initiativen und Kooperationen in Europa (BIKE) од Австрија и SDRUZHENIE REACT од Бугарија.

Автор Velo Schools

Trails of Change: Ново Erasmus+ патување за одржливо движење на отворено

Утре официјално го започнуваме Erasmus+ проектот „Trails of Change“со првиот Kick-off состанок, кој се одржува во Финска. Овој состанок го означува почетокот на една две и пол годишна соработка со проектни партнери од повеќе европски земји, обединети околу заедничка визија – одржливо, инклузивно и активно користење на просторот на отворено. Во наредниот период, проектот ќе […]

Прочитај повеќе

ЕДУКАЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈ И АКТИВНА МОБИЛНОСТ КАЈ ОБРАЗОВЕН ПЕРСОНАЛ И УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА НИВО НА ОПШТИНА КАРПОШ

Проектот „Вело училишта – Безбедно и активно до училиште“ има за цел да ја зајакне културата на безбедност во сообраќајот и да ја поттикне активната мобилност кај учениците и наставниците во основните училишта на општина Карпош. Иако општината важи за една од најурбаните во Скопје, зоните околу училиштата се сè уште небезбедни за пешачење и […]

Прочитај повеќе