Сообраќајни знаци

Како продолжување на претходната активност преку која се запознавме со велосипедските сообраќајни правила, за безбедно учество во сообраќајот, со денешната активност продолжуваме во истата насока. Со оваа активност, преку визуелен метод на учење, како и перцепција и меморија, децата ќе имаат можност да се запознаат со дел од сообраќајните знаци, а нивното учење и меморирање е од круцијално значење за поедноставно и безбедно учество во сообраќајот.

Како се спроведува самата активност:

  • Наставникот ги покажува сите сообраќајни знаци и поттикнува разговор и дискусија со целото одделение за соодветно разбирање на секој сообраќаен знак поединечно. Доколку сте во можност сообраќајните знаци можете да ги прикажете преку проектор.
  • Препорачуваме да секој ученик добие испечатен примерок од сообраќајните знаци и истиот го сподели со своите родители.

Потребни материјали:

Испечатен дел од активноста за секој ученик во одделението

Очекувани резултати:

Учење и меморирање на сообраќајните знаци (барем на дел од нив).

Времетраење на активноста:

30-40 минути

Дополнителни информации:

  • Кликнете на сликата за да ви се покаже на цел екран.
  • Поттикнете разговор и дискусија со учениците за секој сообраќаен знак: дали го сретнале? дали знаат што означува? и сл.
  • Дополнително можете да ги мотивирате учениците да ги нацртаат дел од сообраќајните знаци или пак да ги препознаваат после неколку визуелни прикажувања.

Автор Velo Schools

Безбедност на децата во сообраќајот

Основни информации-важни за безбедноста на децата во сообраќајот Вовед: Учебната година е во тек и децата секојдневно се активни учесници во сообраќајот. Да внимаваме на нив. Обврска е на секој родител и возрасен придружник да ги превземе сите неопходни мерки за безбедноста на децата како учесници во сообраќајот. Цели: Учење на основните информации за безбедноста […]

Прочитај повеќе