Вело Меморија-направи сам

Деловите кои се составен дел на еден велосипед, претставуваат важна и корисна информација во соодветно и правилно користење на велосипедот. Со оваа активност учениците се запознаваат со велосипедските делови и на креативен начин ќе имаат можност да ја изразат сопствената имагинација и креираат/нацртаат свои уникатни велосипедски делови.

Како се спроведува самата активност:

*за оваа опција наставникот/училиштето е потребно да ги има физички добиено вело меморија картите, или преку својот преносен компјутер електронски им ги прикаже на учениците. Повеќе информации на следниот:

  • На самиот почеток наставникот го дели одделението во групи (максимален број на ученици во група=4).
  • На почетокот сите ученици визуелно ги гледаат вело меморија картите (со каква боја се, како се прикажани деловите на велосипедот и сл.)
  • Потоа во рамки на својата група секој ученик е потребно да нацрта одреден број на велосипедски делови во две копии од секој дел.
  • Димензијата на сопствените картички е индивидуална или пак наставникот може да ја одреди.
  • Сликите подолу претставуваа пример за креирани меморија картички:

Потребни материјали:

  • Проектор+компјутер
  • Вело меморија карти (физички) или прикажани на проектор,
  • Листови бели/во боја или картони,
  • Ножици,
  • Боички

Очекувани резултати:

  • Запознавање и меморирање на велосипедските делови
  • Креативно изразување

Времетраење на активноста:

35-40 минути

Автор Velo Schools

Ден 1 од состанокот на проектните партнери за „School Streets“ во Скопје

Вчера во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје се одржа првиот ден од состанокот на проектните партнери во рамки на Еразмус+ проектот „School Streets – Enjoy your journey to school“. На средбата учествуваа партнери од проектот, како и претставници од општините и основните училишта кои активно работат на унапредување на безбедноста околу училиштата. Денот започна […]

Прочитај повеќе

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе