Вело Родео-Велес

И најавениот дожд во Велес, не не спречи да реализираме одличен Вело Родео настан во Младинскиот парк. Покрај ученици од градот- домаќин, допатуваа и од ОУ„ Јохан Хајнрих Песталоци“, Скопје; ООУ„Петар Поп Арсов“, Богомила и неговото подрачно училиште во село Извор.Младинскиот парк беше исполнет со дружба, забава, едукација, смеа и многууу возење велосипед.Присутните имаа можност да се пријават на акциите на локалните групи за чистење, на штандот „За чисто како дома исто“ – кампања за поддршка на еко-активизмот на Делегацијата на Европската Унија.„Кога ќе дојдете пак кај нас?“ – најчестото прашање кое го слушавме во текот на изминатите денови на Вело Родео Турнејата. Токму тоа најмногу не радува и охрабрува во поставената цел.

Автор Velo Schools

Вело Родео-Гевгелија

Ден 6 продоложуваме со Вело Родео 🚴♂️🚴♀️🚴♂️ караванот. Денес бевме во посета на Гевгелија.

Прочитај повеќе

Вело Родео-Радовиш

Ден 5 продоложуваме со Вело Родео 🚴♂️🚴♀️🚴♂️ караванот. Овој ден беше резервиран за посета на Радовиш.

Прочитај повеќе