Вело Родео-маалски настан

Платото пред Млечен

01.09.2020

Почетокот на вело родео турнејата официјално го одбележивме вчера!

Платото кај Млечен беше првото вело маало кое го најави возбудливот периодот кој ни следи.

Предизвици, нови искуства, многууу возење велосипед, креативни работилници, едукативни игри….за секој по нешто интересно! 

Нам многу не радува кога со едукација, дружба, и забава ги потикнуваме децата, младите на уште поголем жар кон возењето на велосипед, а уште повеќе не радува голема излезеност на овие настани. 

Oгромна благодарност до Civica Mobilitas (https://www.facebook.com/civicamobilitas/) од кои беа обезбедени одреден дел од вежбите.

Вашето маало, село, град, општина може да биде дел на мапата на нашата Вело Родео Турнеја! Доколку сакате да се забавувате, да возите велосипед, да се дружите, да играте друштвени игри, да бидете креативни – Ве охрабруваме да ни се придружите и да не следите! 

Автор Velo Schools