Важни информации за безбедно возење велосипед

Вовед:

  • Возењето велосипед  е една од првите вештини која децата ја осознаваат и учат уште од најрана возраст. Исто така возењето велосипед претставува вештина која се изучува еднаш, а останува меморирана засекогаш во нашиот живот.

Цели:

  • Учење на важни информации за безбедно возење велосипед

Методи и стратегии:

  • Метод на учење
  • Споделување
  • Разговор и дискусија

Форми на работа:

  • Индивидуална
  • Групна форма 

Како се спроведува вежбата:

  • Почитувани наставници, прочитајте и споделете ги следните важни информации со вашите ученици.  Иницирајте разговор и дискусија со вашите ученици. Поттикнете ги да ги споделат своите сопствени искуства за возење велосипед. Исто така самите информации кои следуваат можете да ги спроведете и во вид на квиз или како прашања со точно/неточно.
  • Драги ученици, доколку редовно возите велосипед , а имате и наполнето 10 години со кои можете практично сами (без придружба) да возите велосипед и на јавен пат следуваат важни информации кои е потребно секогаш да ги имате во предвид: 
  • Држете ги рацете секогаш на управувачот.
  • Нозете е потребно во секое време да бидат на педалите од вашиот велосипед.
  • Возењето на едно тркало може да доведе до сериозни последици.
  • Вашата безбедност, како безбедноста на вашите пријатели е приоритена и исклучително важна работа и обврска.
  • Со велосипед може да управува дете и со наполнети 9 години, на посебни површини со намален сообраќај, на пешачка зона, некатегоризиран пат и слично. На овие површини може да вози и дете помладо од 9 години, доколку е во придружба на постаро лице од 16 години.
  • Заради своја лична безбедност пожелно е да носиш заштитна кацига, а може да носиш и штитници за лакти и колена.
  • Кога возиш велосипед не смееш да носиш слушалки, или пак да користиш мобилен телефон, бидејќи тогаш е намалено твоето внимание, а тоа може да доведе до негативни последици.
  • На ист велосипед смее да се вози и друго лице помладо од 9 години, но само ако велосипедот има посебно седиште и доколку возачот на велосипедот има најмалку 18 години.
  • Важно е да знаеш дека на мотоцикл, мопед, трицикл е забрането возење на деца до 12 години.
  • Почитувај ги и останатите учесници во сообраќајот. Како учесник во сообраќајот, кога си пешак или кога возиш велосипед или некое друго детско возило, во секој момент  мораш да бидеш концентриран на возењето и на случувањата на патот.

Коментар: фотографии за секој од цитатите? Моја препорака е да има и визуелен метод на учење за да остане подобро меморирана вежбата. Дури на овој начин може да се изведе истата – фотографија покажана од наставник, а децата кажуваат што мислат за истата.

Потребни материјали:

  • Испечатен примерок од оваа дневна подготовка за секој ученик/родител.

Очекувани резултати:

  • Учење и меморирање на важните информации за безбедно возење велосипед

Времетраење на вежбата:  30 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Автор Velo Schools

Ден 1 од состанокот на проектните партнери за „School Streets“ во Скопје

Вчера во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје се одржа првиот ден од состанокот на проектните партнери во рамки на Еразмус+ проектот „School Streets – Enjoy your journey to school“. На средбата учествуваа партнери од проектот, како и претставници од општините и основните училишта кои активно работат на унапредување на безбедноста околу училиштата. Денот започна […]

Прочитај повеќе

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе