Вело новости

Овој месец носи охрабрувачки примери дека одржливата иднина е возможна – кога постојат визија, соработка и активни граѓани.

На глобално ниво, COP30 започна со силна порака: претставен е првиот остров во Латинска Америка што ќе работи 100% на обновлива енергија – Фернандо де Нороња. Инвестицијата во соларна енергија и батериски системи е чекор кон целосно напуштање на фосилните горива. Дополнително, научниците потврдија дека озонската дупка во 2025 година е една од најмалите досега, што е директен резултат на глобалната соработка и Монтреалскиот протокол.

Во Европа, нова студија покажува дека споделувањето велосипеди носи 305 милиони евра годишни придобивки, намалува CO₂ емисии, ги подобрува здравјето и економијата и создава илјадници работни места – силен аргумент зошто активната мобилност треба да биде приоритет.

📍 Во Македонија, Еко Логик е избран за контакт точка на Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF) за Скопје – значајно признание и можност младите активно да учествуваат во креирање климатски политики и иницијативи.

🚲 Во образованието, ноември беше месец на активност: преку програмата Вело Училишта, учениците учеа за безбедност, мобилност и одговорно учество во сообраќајот – уште еден доказ дека навиките за одржливост се градат од најмали.

А дома, секој од нас може да придонесе: со намалување, повторна употреба и рециклирање, со мали семејни активности и со учење на децата дека грижата за животната средина започнува од секојдневните избори.

Автор Velo Schools

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА КАМП ЗА МЛАДИ 

Проект: RE:ENGAGE – Реактивирање на NEET младите преку активна мобилност  Вело Училишта и Национален младински совет на Македонија (НМСМ) објавуваат Јавен повик за избор на 20 млади лица за учество на четиридневен камп за активна мобилност, кој ќе се одржи од 31 август до 3 септември 2026 година во Охрид.  За што станува збор?  RE:ENGAGE има за цел повторно да ги мотивира и вклучи младите кои […]

Прочитај повеќе

Вело Училишта – приказна за слобода, самодоверба и детски насмевки Вело Училишта е заедница создадена од луѓе кои искрено веруваат во моќта на велосипедот да го направи детството поактивно, посреќно и побезбедно. Нашата мисија е секое дете да има можност да расте со самодоверба, слободно да се движи и да стекне вештини што ќе му […]

Прочитај повеќе