Родителот како пример е најсилниот алат за градење навики. Не затоа што кажува што е правилно, туку затоа што го живее.
Токму затоа „Деца и родители на тркала“ не е само велосипедска тура. Тоа е потсетник дека промените започнуваат со мали, секојдневни избори – да се движиме повеќе, да поминуваме време заедно и да покажеме дека активниот начин на живот може да биде дел од семејната рутина.
Ако сакаме децата да растат здраво и самоуверено, треба да нè гледаат нас како се движиме, истражуваме и уживаме во природата. Навиките не се создаваат со зборови, туку со примери.
Во втората тура возевме од Полициска до Средно Водно. Родители, деца и најмалите на седишта позади – сите заедно, секој во свој ритам. Имаше пауза на Средно Водно, разговори, одмор и задолжителен сладолед.
На враќање следуваше flow патеката – малку спуштање, малку off-road и многу нови искуства и вештини. За некои деца ова беше прв контакт со ваков тип возење, а за некои родители потсетник колку е важно времето поминато активно со своите деца.
„Деца и родители на тркала“ продолжува да покажува дека велосипедот не е само превоз или спорт. Тој е начин семејствата да се поврзат, да создадат навики и заедно да градат поздрави и поодржливи заедници.
Погледнете како ни поминаа турите и дел од моментите што ги создадовме заедно.
