РЕЗУЛТАТИ ОД СЕПТЕМВРИСКИОТ ПОВИК – „ВЕЛО УЧИЛИШТЕ НА МЕСЕЦОТ“

Во рамки на Европската недела на мобилност (16–22 септември 2025), под мотото „Мобилност за сите“, училиштата–членки на програмата Вело Училишта активно се вклучија со бројни креативни, инклузивни и инспиративни активности кои го промовираат велосипедизмот и одржливата урбана мобилност.

Критериумите за избор на најуспешните училишта опфатија:
• број, квалитет и оригиналност на активностите
• вклученост и број на учесници – ученици, наставници, родители и заедница
• видливост и промоција на активностите
• креативност и иновативност на реализираните акции
• иновативен пристап во подготовка и реализација на едукативни активности

По внимателна евалуација според овие критериуми, со задоволство ги објавуваме резултатите за најактивните училишта во септемврискиот повик:

Прво место: ООУ „Свети Кирил и Методиј“ – Свети Николе
Второ место: ООУ „Кочо Рацин“ – Блатец со ПУ Липец и ПУ Лаки
Трето место: ООУ „Рајко Жинзифов“ – с. Горно Оризари, Велес

Посебна награда за најголем број вклучени ученици:
ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино

Им честитаме на сите наградени и им благодариме на сите училишта кои со својата енергија, посветеност и креативност придонесоа кон развој на одржлива и инклузивна мобилност во заедницата.

Сите училишта кои учествуваа во овој повик автоматски се вклучуваат во процесот за избор на „Вело училиште на годината“, кој ќе го одбележиме на крајот на учебната година.

Продолжуваме заедно да ги движиме промените – кон поодржлива иднина за сите.

Автор Velo Schools

Ден 1 од состанокот на проектните партнери за „School Streets“ во Скопје

Вчера во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје се одржа првиот ден од состанокот на проектните партнери во рамки на Еразмус+ проектот „School Streets – Enjoy your journey to school“. На средбата учествуваа партнери од проектот, како и претставници од општините и основните училишта кои активно работат на унапредување на безбедноста околу училиштата. Денот започна […]

Прочитај повеќе

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе