Километарски клуб или натпревар

Вовед:

  • Придобивките на возење велосипед до училиште изгледаат скоро невозможни за учениците и нивната мотивација може да задоцнува со менувањето на климата. Организиран труд или натпревар може да поттикне возбуда и да го зајакне интересот преку овозможување на брза цел која се цени. 
  • Километарскиот Клуб или Натпревар ги предизвикува учениците да ги следат нивните велосипедски патувања или растојанија, и да ги искористат истите кон зацртаната цел. Предизвикот и наградите треба да бидат соодветни на училишните вредности, ресурси, и цели.

Цели:

  • Унапредување на знаењето и велосипедските вештини на учениците, наставниците, родители и пошироката јавност.

Методи и стратегии:

  • визуелен метод на учење 
  • меморија

Форми на работа:

  • групна/тимска работа

Вид на активноста:

  • Некои опции кои треба да се земат во предвид за да соодветно може да ја спроведете оваа активност се:
  • Што ќе биде мерено: Бројот на патувања или извозени километри? Патувања до училиштето или сите патувања со велосипед воопшто?
  • Индивидуални или групни предизвици: Дали учениците се обидуваат да достигнат индивидуални цели, или да допринесат кон групата/одделението како целина?
  • Мотивација: Следните фактори треба да ги зајакнат вредностите на активно патување и може да бидат индивидуални награди – како аксесоари за велосипед или подарок сертификат за локалната вело-продавница – како и награди за победничкото одделение – како на пример екстра час по физичко.
  • Учениците треба да користат онлајн калкулатор(доколку истото е возможно) за патување или алатки за мапа, со цел да ги запознаат патеките и растојанијата, и да ги следат своите патувања.

Како се спроведува вежбата:

  • Поради растојанијата за велосипедското возење, возењето е посебно добро соодветно за предизвици на растојанија кога има и дестинација. Со дестинацијата, се охрабрува и зајакнува групата да оди подалеку и да биде поамбициозна во одбирање на крајна дестинација.
  • Ваков предизвик функционира добро помеѓу училиштата во целата општина, и училиштата се натпреваруваат за трофеј или поголема награда.
  • Ако училишниот двор не е соддветен за велосипедско возење, или се вклучени ученици кои немаат соодветни вештини и самодоверба, или пак не можат да возат до училиште, со предизвикување на учениците да ги следат своите вело-патувања и растојанија кога се дома, се овозможува на сите да учествуват додека добиваат искуство и пракса потребни за безбедно велосипедско возење до училиштето. 
  • Ако училишниот објект е соодветен и безбеден за велосипедско возење, може истото да се одржува под надгледување во училиштето.

Потребни материјали:

  • Координатор кој собира податоци за патувањето или растојанијата.
  • Систем за евиденција на записи.
  • Однапред поставена цел или етапи.
  • Награди или мотивација за целиот предизвик.

Очекувани резултати:

  • Велосипедскиот натпревар или предизвик е посебно корисна стратегија за одржување на интересот преку мотивација за блиската иднина.

Времетраење на вежбата:  90-120 минути

Ве молиме пополнете ја следната табела со цел подобрување на активностите во иднина и споделете ги со нас вашите одговори на: veloschools.ecologic@gmail.com 

Што ми се допадна од оваа активност?Што не ми се допадна од оваа активност?Што би промениле?

Автор Velo Schools

Тестирање на тренинг програма Еquip and Empower

На 27 Март во Парк Македонија, Скопје организравме двочасовен тренинг за младински работници и наставници на тема велосипедизам. Тренингот е дел од тренинг програмата Equip and Empower креирана за проектот Youth &Commute: A structured approach for improving the mobility of marginalized youth. Тренинг беше наменет за наставници и младински работници за да се едуцираат на […]

Прочитај повеќе

АРАРАТ, ТУРЦИЈА

Храбри и решителни велосипедисти од Македонија од кој еден е претставник од Вело Училишта, минатата недела успеаа да се искачат на врвот на Арарат во Турција со велосипеди на грб !! Дефинитивно сериозен потег дури и за неозбилни велосипедисти како што се нарекуваат тие, успешно се искачија на висина од 5.137 m со велосипеди и […]

Прочитај повеќе