Безбедност на децата во сообраќајот

Децата може и треба да се активни учесници во сообраќајот. Но, истовремено, ова бара и поголема внимателност и од нивна, но и од страна на останатите учесници во сообраќајот. Да внимаваме на нив. Обврска е на секој родител и возрасен придружник да ги превземе сите неопходни мерки за безбедноста на децата како учесници во сообраќајот, како и за сите останати. Преку визуелен и аудитивен метод на учење, децата ќе се запознаат, а наставниците и родителите потсетат за основните информации за безбедноста на децата во сообраќајот.

Како се спроведува самата активност:

  • Оваа активност е од информативен карактер и ја споделуваме во вид на пишани информации кои се важни за безбедноста на децата во сообраќајот.
  • Наставникот на глас ги чита сите важни информации за безбедноста на децата во сообраќајот.
  • Многу е важно копија од оваа активност да добијат и останатите наставници во училиштето (електронска или печатена верзија), како и сите родители во одделението и/или родители кои се членови на училишниот одбор на родители. Без разлика колку и да сме запознаени со основните информации за безбедноста на децата во сообраќајот, никогаш не е премногу да тие информации уште еднаш се повторат и споделат.

Потребни материјали:

Испечатен примерок од оваа активност за секој ученик, колеги-наставници, менаџмент на училиштето и родители, доколку сте во можност. Секако, електронска верзија може да се испрати до секој од погоре наведените.

Очекувани резултати:

Учењето на важните информации за безбедноста на децата во сообраќајот се од круцијална важност како за учениците, така и за самите родители.

Времетраење на активноста:

20-30 минути

Дополнителни информации:

Мотиварајте ги учениците и родителите да најдат слика или цртеж, кои визуелно ќе ги покажат некои од цитатите за безбедноста на децата во сообраќајот.

Автор Velo Schools

Ден 1 од состанокот на проектните партнери за „School Streets“ во Скопје

Вчера во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје се одржа првиот ден од состанокот на проектните партнери во рамки на Еразмус+ проектот „School Streets – Enjoy your journey to school“. На средбата учествуваа партнери од проектот, како и претставници од општините и основните училишта кои активно работат на унапредување на безбедноста околу училиштата. Денот започна […]

Прочитај повеќе

Ноемвриски добитници на повикот „Вело училиште на месецот“

Секој месец повикот „Вело училиште на месецот“ привлекува сѐ поголем број училишта и сѐ покреативни пристапи во промоцијата на велосипедизмот и одржливата мобилност. Посебно нѐ радува што иницијативата инспирира училишта низ цела Македонија активно да се вклучат и да придонесат кон создавање поздрави и побезбедни училишни средини. Со големо задоволство ги објавуваме ноемвриските добитници: Нивниот […]

Прочитај повеќе