Вело Родео-Скопје

Вело Родео 2020 - Скопје

Настан: Вело Родео

Каде: Градски Парк, кај Школка, Скопје

Кога: 20.09.2020

Учесници: Ученици од основните училишта родители, наставници+сите вљубеници во велосипедизмот

Вело Родео по втор пат во Скопје.

Традиционално од страна на Здружението на Граѓани Еко Логик, во рамки на програмата Вело Училишта, се организираше препознатливиот настан Вело Родео по повод Европската недела на мобилност. Настанот беше овозможен од Делегација на Европската Унија во Скопје, а како настан е препознатлив по постојаните насмевки на децата и младите кои учествуваат, и нивната енергија со која неуморно го практикуваат специјално подготвениот полигон. Детската неуморност, ентузијазам, желба за возење на велосипед, како и желба за учење на нови нешта е тоа вистинското чувство што не мотивира за организирање на настани од ваков вид. Специјално подготвениот полигон им овозможува на сите учесници од најмала возраст, па се до оние поголемите, да ги практикуваат своите вештини, но и истите да ги унапредат, како и да се запознаат со потребните сообраќајни знаци, со цел безбедно возење на својот велосипед.

Додека едукативните игри, кои исто така ја обработуваат темата за велосипедизам, ја поттикнуваат нивната љубопитност, интерес, и желба за учење на нови нешта на еден поинаков и забавен начин. Оваа година Вело Родео настанот е препознатлив и по својата патувачка изложба, на која се поставени пристигнатите цртежи од минатогодишниот ликовен и литературен конкурс, кој се одржа во рамки на Вело Родео турнејата, како и ликовната работилница на која сите учесници имаат можност да ја изразат својата креативност и имагинативност.

Како си поминавме на Вело Родео во Скопје?

Фантастично, креативно, забавно и едукативно. Детската неуморност и желба за возење велосипед, игри и креативно творење траеше и траеше. Скопје и неговите граѓани ни покажаа дека е потребно се почесто да има настани од ваков вид. Позитивниот впечаток на сите присутни е чувството со кое си заминавме, со искрена желба да се видиме набрзо, на повторно дружење.

Автор Velo Schools

Вело Родео-Пехчево

ООУ „Ванчо Китанов“ од Општина Пехчево е наша долгогодишна вело членка, во рамки на програмата Вело Училишта. Меѓусебната соработка е одлична и спроведувањето на вело активностите се одвиваат непречено во текот на учебната година.

Прочитај повеќе
Вело Родео 2020 - Демир Капија

Вело Родео-Демир Капија

ООУ „Димче Ангелов Габерот“ од Општина Демир Капија е наша долгогодишна вело членка, во рамки на програмата Вело Училишта. Меѓусебната соработка е одлична и спроведувањето на вело активностите се одвиваат непречено во текот на учебната година.

Прочитај повеќе