Вело Училишта – новости | Јануари & Февруари

Во првите месеци од годината, Вело Училишта продолжи со активности насочени кон безбедност, знаење и создавање здрави навики кај учениците. Преку интерактивни игри, квизови и практични задачи, децата учеа за деловите на велосипедот, заштитната опрема и правилата во сообраќајот но и за тимската работа и одговорноста во заедницата..

Активностите во училиштата покажаа дека кога учењето е забавно, знаењето останува трајно. Учениците преку игра го разбираат значењето на безбедното движење, а истовремено развиваат самостојност и самодоверба. Безбедниот пат до училиште е првиот чекор кон активен и здрав животен стил.

Паралелно, ја нагласивме и еколошката димензија на велосипедизмот. Користењето велосипед во секојдневието значи помал сообраќај, почист воздух и поодржливи градови. Малите промени во детството создаваат големи навики во иднината.

Во овој период ги следевме и светските трендови во велосипедизмот – од нови безбедносни стандарди и технологии, до развој на велосипедски патеки и раст на активната мобилност како урбано решение. Сите овие промени ја потврдуваат истата порака: иднината на градовите е поактивна, побезбедна и позелена.

Вело Училишта продолжува да ја гради таа иднина заедно со учениците, наставниците и заедницата

Автор Velo Schools

Завршна конференција на проектот „Re-Cycling – Bike Reuse and Riding Fairs“

Во вторник, на 17-ти септември, завршниот настан на проектот „Re-Cycling – Bike Reuse and Riding Fairs“ се одржа во Каса Ломбардија, Брисел. Овој настан означи значаен успех за проектот, кој има за цел да ја промовира употребата на велосипеди кај децата и младите, преку перспектива на циркуларна економија и одржливост. Настанот беше полн со позитивна […]

Прочитај повеќе

Искачување на Килиманџаро со велосипед

Ова беше долго планирана авантура, која се одложи поради појавата на ковид-19, но не се откажа. Најдовме начин како да ја реализираме, и тоа 100 отсто успешно. Идејата беше сите шестмина од тимот да се качиме и да се симнеме, тројца со велосипед, тројца со планинарење. А дополнително сакавме и да испишеме историја во македонскиот планински велосипедизам и првпат да го допреме врвот на Африка со велосипед.

Прочитај повеќе