Вело Родео-Чешиново

Вело Родео за прв пат во Чешиново

Дојдете заедно да возиме велосипед, дружиме и забавуваме, едуцираме.

Кога?

На 11.05.2021-вторник

Каде?

ООУ„Страшо Пинџур“-Чешиново

Време: 11:00-14:00 часот

Повторно ново место, повторно Вело Родео. Овој пат сме во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Чешиново.

Што не очекува?

  • Препознатливиот вело полигон каде децата ќе имаат можнот да ги покажат своите постоечки вештини, но и да научат многу нови за возење велосипед.
  • Едукативни игри кои се креирани од Здружението на Граѓани Еко Логик, а ги обработуваат следните теми: екологија, велосипедизам, одржлив транспорт.
  • Креативни работилници водени од наши познати уметници каде најмладите ќе можат неограничено да ја изразат својата имагинација и креативност.
  • Патувачка изложба со ликовни цртежи од ликовните конкурси објавени во 2019та и 2020та година.

Ветуваме ќе има за секого по нешто!

Со голема радост Ве очекуваме заеднички да го дадеме нашиот мал придонес во подобрување на животната средина.

Настанот е поддржан од Делегацијата на Европска Унија во Скопје и Europe House.

*Ние од тимот на Еко Логик, целосно сме посветени на координација  и грижа околу активностите со децата, а во таа насока препорачуваме и апелираме секое дете да носи заштитна кацига. Доколку се случи несакано дејство при самите активности, одговорноста е на родител/старател.

Чешиново се гледаме во вторник.

ВЕЛО РОДЕО ВО ЧЕШИНОВО 11.05.2021

ГАЛЕРИИ

Како си поминавме на Вело Родео во Чешиново?

Незаборавно! Сите заедно потврдивме дека настани од ваков вид ни се навистина потребни што почесто. Детската неуморност и желба за возење велосипед, игри и креативно творење траеше и траеше и сите заедно посакувавме настанот да трае уште долгo.

Од Чешиново си заминавме со позитивно чувство, задоволни и мотивирани за повторна средба со велосипеди.

Погледнете и уживајте.

Facebook Галериja

Автор Velo Schools

Вело Родео, Скопје 19.09.2021

Тадиционално и овој Септември сме во Градскиот Парк кај Школка, на незаборавно Вело Родео.

Оваа година возиме под мотото „Учиме за животната средина и климатските промени“.

Прочитај повеќе

Вело Родео-Вратница

Вело Родео за прв пат во Вратница.
Дојдејте заедно да возиме велосипњед, дружиме и забавуваме, едуцираме.

Прочитај повеќе