Вело Родео-Вратница

Вело Родео за прв пат во Вратница

Дојдете заедно да возиме велосипед, дружиме и забавуваме, едуцираме.

Кога?

На 10.05.2021-понеделник

Каде?

ООУ„Симче Настовски“-Вратница

Време: 11:00-14:00 часот

Со основното училиште Симче Настовски од Вратница кое е долгогодишна членка на мрежата на Вело Училишта имаме одлична и професионална соработка. Овој пат имаме чест токму тоа училиште да биде наш домаќин за одржување на Вело Родео настанот.

Главниот фокус на Вело Родео е насочен кон препознатливиот вело полигон, а како дополнителни активности се издвојуваат едукативните игри креирани од страна на Здружението на Граѓани Еко Логик, на теми поврзани со заштита и унапредување на животната средина, одржлив развој, велосипедизам.

Креативните работилници водени од наши познати уметници исто така ќе бидат дел од овој настан, каде најмладите ќе можат неограничено да ја изразат својата имагинација и креативност.

Да не заборавиме имаме и патувачка изложба со ликовни цртежи од ликовните конкурси објавени во 2019та и 2020та година.

Ќе има за секого по нешто!

Со голема радост Ве очекуваме заеднички да го дадеме нашиот мал придонес во подобрување на животната средина.

Настанот е поддржан од Делегацијата на Европска Унија во Скопје и Europe House.

*Ние од тимот на Еко Логик, целосно сме посветени на координација  и грижа околу активностите со децата, а во таа насока препорачуваме и апелираме секое дете да носи заштитна кацига. Доколку се случи несакано дејство при самите активности, одговорноста е на родител/старател.

Вратница-доаѓаме

ВЕЛО РОДЕО ВО ВРАТНИЦА 10.05.2021

ГАЛЕРИИ

Како си поминавме на Вело Родео во Вратница?

Одлично, забавно и креативно. Дружењето со најмладите, беше елан за нас организаторите и возрасните. Детската неуморност и желба за возење велосипед, игри и креативно творење беше долготрајно, а прекрасното време ни одеше во прилог за се.

Погледнете и уживајте.

Facebook Галериja

Автор Velo Schools

Вело Родео, Скопје 19.09.2021

Тадиционално и овој Септември сме во Градскиот Парк кај Школка, на незаборавно Вело Родео.

Оваа година возиме под мотото „Учиме за животната средина и климатските промени“.

Прочитај повеќе

Вело Родео-Чешиново

Вело Родео за прв пат во Чешиново.
Повторно ново место, повторно Вело Родео. Дојдете заедно да возиме велосипед, дружиме и забавуваме, едуцираме.

Прочитај повеќе