Вело Родео, Скопје 19.09.2021

Одбележување на Европска недела на мобилност 16-22 Септември 2021

И оваа година Вело Училишта ја одбележува Европската недела на мобилност со организирање на Вело Родео во Скопје.

Дојдете заедно да возиме велосипед, дружиме и забавуваме, едуцираме.

Оваа година возиме под мотото „Учиме за животната средина и климатски промени“

Кога?
На 19.09.2021-недела

Каде?
Скопје, Градски Парк-кај Школка

Време: 11:00-14:00 часот

Главен фокус на настанот е насочен кон препознатливиот вело полигон, а како дополнителни активности се издвојуваат едукативните игри креирани од страна на Здружението на Граѓани Еко Логик, на теми поврзани со заштита и унапредување на животната средина, климатски промени, одржлив развој, одржлив транспорт велосипедизам, безбедност во сообраќај и сл.


Креативните работилници водени од наши познати уметници исто така ќе бидат дел од овој настан, каде најмладите ќе можат неограничено да ја изразат својата имагинација и креативност.


Да не заборавиме имаме и патувачка изложба со ликовни цртежи од ликовните конкурси објавени во изминатите години.


Ветуваме ќе има за секого по нешто!

Годинешното одбележување на Европската недела на мобилност традиционално е во рамките на програмските активности на мрежата Вело Училишта, оваа година и во рамките на „Програмата за унапредување на образованието за животна средина и климатски промени“, поддржана од УНИЦЕФ и Шведската Агенција за Меѓународна Соработка (Sida).

Со голема радост Ве очекуваме заеднички да го дадеме нашиот мал придонес во подобрување на животната средина.

*Ние од тимот на Еко Логик, целосно сме посветени на координација и грижа околу активностите со децата, а во таа насока препорачуваме и апелираме секое дете да носи заштитна кацига. Доколку се случи несакано дејство при самите активности, одговорноста е на родител/старател.

Се гледаме на Школка!

ВЕЛО РОДЕО ВО СКОПЈЕ 19.09.2021

ГАЛЕРИИ

👉 Оваа година возевме под мотото: „Учиме за животна средина и климатски промени“

🤩 Цели 3️⃣ часа постојано возевме, се забавуваме и едуциравме за велосипедизмот, животната средина, климатските промени, одржливиот транспорт и безбедноста во сообраќајот.

🎨 Најмладите исто така имаа можност креативно да творат на ликовната работилница која е карактеристичен дел на секој Вело Родео настан.

🚴‍♀️ Вело Родео како настан е препознатлив, впечатлив и одобрен од секој посетител. Школката во Градскиот Парк е нашето традиционално место на кое главниот фокус го има вело полигонот кој е составен од голем број на вежби преку кои се унапредуваат велосипедските вештини кај секое дете, како што се: баланс, контрола, забрзување, забавување, итно кочење и сл.

🙌 Огромна благодарност на сите присутни, деца, млади, родители, наставници, извидници, волонтери и целиот тим на организатори.

Вие сте 💚 на секое Вело Родео.Се гледаме наскоро, а до тогаш само вело и смело 🚴‍♂️

Facebook Галериja

https://www.facebook.com/media/set?vanity=veloschools&set=a.906415363621174

Автор Velo Schools

Вело Родео-Чешиново

Вело Родео за прв пат во Чешиново.
Повторно ново место, повторно Вело Родео. Дојдете заедно да возиме велосипед, дружиме и забавуваме, едуцираме.

Прочитај повеќе

Вело Родео-Вратница

Вело Родео за прв пат во Вратница.
Дојдејте заедно да возиме велосипњед, дружиме и забавуваме, едуцираме.

Прочитај повеќе