Вело Родео-Скопје

Друштво дали знаете дека ќе има повторно Вело Родео?

Да да, Вело Родео во Скопје-традиционално трет пат по ред.

Дојдете заедно да возиме велосипед, дружиме и забавуваме, едуцираме.

Кога?

На 09.05.2021-недела

Каде?

Градски Парк, кај Школка

Време: 11:00-14:00 часот

Главен фокус на настанот е насочен кон препознатливиот вело полигон, а како дополнителни активности се издвојуваат едукативните игри креирани од страна на Здружението на Граѓани Еко Логик, на теми поврзани со заштита и унапредување на животната средина, одржлив развој, велосипедизам.

Креативните работилници водени од наши познати уметници исто така ќе бидат дел од овој настан, каде најмладите ќе можат неограничено да ја изразат својата имагинација и креативност.

Да не заборавиме имаме и патувачка изложба со ликовни цртежи од ликовните конкурси објавени во 2019та и 2020та година.

Ќе има за секого по нешто!

Со голема радост Ве очекуваме заеднички да го дадеме нашиот мал придонес во подобрување на животната средина.

Настанот е поддржан од Делегацијата на Европска Унија во Скопје, Europe House и Град Скопје.

*Ние од тимот на Еко Логик, целосно сме посветени на координација  и грижа околу активностите со децата, а во таа насока препорачуваме и апелираме секое дете да носи заштитна кацига. Доколку се случи несакано дејство при самите активности, одговорноста е на родител/старател.

Се гледаме на Школка!

ВЕЛО РОДЕО ВО СКОПЈЕ 09.05.2021

ГАЛЕРИИ

Како си поминавме на Вело Родео во Скопје?

Фантастично, креативно, забавно и едукативно. Детската неуморност и желба за возење велосипед, игри и креативно творење траеше и траеше. Скопје и неговите граѓани ни покажаа дека е потребно се почесто да има настани од ваков вид. Позитивниот впечаток на сите присутни е чувството со кое си заминавме, со искрена желба да се видиме набрзо, на повторно дружење.

Погледнете и уживајте.

Facebook Галериja

Автор Velo Schools

Вело Родео, Скопје 19.09.2021

Тадиционално и овој Септември сме во Градскиот Парк кај Школка, на незаборавно Вело Родео.

Оваа година возиме под мотото „Учиме за животната средина и климатските промени“.

Прочитај повеќе

Вело Родео-Чешиново

Вело Родео за прв пат во Чешиново.
Повторно ново место, повторно Вело Родео. Дојдете заедно да возиме велосипед, дружиме и забавуваме, едуцираме.

Прочитај повеќе